Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)

Објавено June 7, 2025 08:52
Сподели
Сподели

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден).

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.

На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните им даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души. 

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Педестница спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќ

Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а тие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици.

За црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време, па се до денес не ја напушта и непрестано слегува врз црквата на литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен. Педесетница е еден од најсветлитe празници во христијанството и претставува исполнување на старозаветните пророштва. Во Стариот завет луѓето знаеа само за Бог, со раѓањето на Христос го видоа Единородниот Син, а на Педесетницата го запознаа третото лице на Света Троица – Светиот Дух.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нерешено со Белгија во Скопје, Алиоски ни донесе бод во 87 минута, ВАР ни поништи чист гол
Следна Статија Синер го запре Ѓоковиќ на Ролан Гарос

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

До 17 часот гласале 39,28% од избирачите

На ниво на држава, до 17 часот излезеноста е 39,28 проценти односно вклупно гласале 279.241 гласач од 96,94 проценти на…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Советот на јавни обвинители се „пере“ за домашниот притвор на Груби

Повисокото јавно обвинителство го врши надзорот над законитото постапување на јавните обвинители и Советот на јавни обвинители во оваа фаза…

February 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски потврди: Чекиќ Дуровиќ ја потпишала фалсификувана лиценца за дискотеката

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање потврди дека- Размена Чекиќ Дуровиќ, тогашен државен секретар во министерството за економија на…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утрово општина Гази Баба рушеше дивоградба и спречи две нови да никнат

Утрово во заедничка акција со полицијата, општина Гази Баба урна дивоградба, на која, сопственикот продолжил со градежни активности и покрај…

December 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?