Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска е Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата

Објавено June 8, 2025 09:07
Сподели
Сподели

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Педестница спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќе имиња, како Дуовден, Доедни, Свети Дух, Педестница итн.

Се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден (Воскресение Христово). Духовден го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а тие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици.

За црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време, па се до денес не ја напушта и непрестано слегува врз црквата на литургијата, во молитвите, во сите дела.

Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен. Педесетница е еден од најсветлитe празници во христијанството и претставува исполнување на старозаветните пророштва. Во Стариот завет луѓето знаеа само за Бог, со раѓањето на Христос го видоа Единородниот Син, а на Педесетницата го запознаа третото лице на Света Троица – Светиот Дух.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сончево и многу топло време, до 38 степени
Следна Статија (Вознемирувачко видео) Колумбиски претседателски кандидат застрелан во главата за време на говор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија е жива: Мицкоски промовираше мега проекти за младите

Надежта е верба во тоа дека, и покрај сите препреки и искушенија, доброто ќе победи, и дека секој кој ја…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонски информатичари освоија сребрен и бронзен медал на Јуниорската балканска олимпијада по информатика во Кипар

Ново одлично претставување на младите македонски ученици – информатичари, како заокружување на уште една, исклучително успешна година за Македонија на…

October 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од Кочани до Скопје -транспортиран предметот за „Пулс“

Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, оформен од Основното јавно обвинителство – Кочани, денеска е префрлен од Основниот суд Кочани…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Агенцијата незаконски ме следела и злоупотребувала државни ресурси

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „360 степени” зборуваше за неговото физичко следење од страна на…

January 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?