Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е трет ден Велигден, најсреќниот вторник во годината
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска е трет ден Велигден, најсреќниот вторник во годината
МАКЕДОНИЈА

Денеска е трет ден Велигден, најсреќниот вторник во годината

Објавено April 22, 2025 08:22
Сподели
Сподели

Денеска е Воскресение Христово – Трет ден.

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението.

Ние сме свикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања.

Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно.

И навистина е така, бидејќи Христос не ветуваше привремена поправка на нашите животни услови, како што ветува на пример некој политичар, економист, кој ги проучил космичките закони па вешто се раководи според нив, туку ветуваше една сосема нова реалност, како креатор кој е моќен и способен да ја создаде таа реалност, поинаку кажано, како господар над животот и смртта.

Утрото на третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот. Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение. Оваа вест оттогаш се¬која година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род.

Според старото народно верување вторниците важат за баксузни денови. Но, не и овој! Во народот Светлиот (или Воден) вторник се смета за најдобар вторник во целата календарска година. Старите велат дека овој ден, како и Велигден, на сите им донесува радост и веселба. Исто така, ако на овој ден се роди дете, ќе биде среќно и долговечно.

Поради тоа, по некаде во селата, токму на Трет ден Велигден се одржуваат свадби, бидејќи времето на Христијанската пасха се смета за посебна благодет, па токму таа благодет сака да се пренесе и на новите сопружници и нивното новоосновано семејство.

Старите велат дека е добро да се оди во посета или на пат. Ако планирате токму денес да тргнете, обичајот налага да помислите и желба. Таа ќе се оствари, а на патувањето ќе ве следи среќа.

Поради сето тоа, единствената работа која православните верници на Третиот ден Велигден треба да ја испочитуваат е да се веселат и радуваат и таа радост да ја споделат со своите најдраги и најблиски. Поради тоа, знаете што треба да правите, бидејќи според народното верување на секој кој „се оглуши“ од Бога нема да му оди најдобро во животот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ленард посилен од трипл-даблот на Јокиќ, Клиперс до победата над Денвер
Следна Статија Сиљановска Давкова за Папата: Ќе го паметам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари: Ја укинавме забраната од 2022 година, лекарите ќе може од приватното здравство да се вратат во јавното

Владата ја укина забраната за докторите од приватните клиники да не можат да се вратат во јавното здравство и наскоро…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

Од Јавното обвининителство информираат дека по пожарот во објекти за рециклирање отпад во селото Трубарево радијација не е детектирана и…

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се гласа во декември: Адем Чучуљ предложен за претседател на ДКСК

Адем Чучуљ, образован правник со завршен правосуден испит, ќе биде предложен од страна на Комисијата за прашања на изборите и…

November 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по сквернавењето на македонското знаме: Предупредувавме за обиди за ескалација и креирање на етнички тензии, како Влада гарантираме безбедност

Најостро го осудувам. Тоа сепак претставува чин на агресија, нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?