Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим
Blog

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Објавено April 5, 2026 11:36
Сподели
Сподели

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението.

Цветници се празнува ден по Лазарева сабота – чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос, шестата недела од Великиот пост, една недела пред Велигден. Се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, градот во кој по неколку дена ќе биде погубен. Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња пречекувајќи го како цар.

На тој ден, Исус Христос, придружуван од своите ученици и мноштво народ, тргнал од Витинија за Ерусалим. Кога стигнал Исус до подножјето на маслиновата гора испратил двајца свои ученици во Витфагија да му донесат Осле (магаре). Учениците му донеле, ги ставиле на магарето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим, поздравен од мноштво народ.

Според толкувачите на Светото писмо, Исус влегол во Ерусалим качен на магаре затоа што кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исус, воодушевениот народ со цвеќе, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.

Во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, празникот Цветници е востановен уште од најрани христијански времиња, а свечено се одбележува од 3 век.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во кои земји од Европската Унија се заработува најмногу?
Следна Статија Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

„Nvidia“ го надмина „Мајкрософт“, повторно е највредната компанија во светот

„Нвидиа“ (Nvidia) го надмина „Мајкрософт“ (Microsoft) во вторникот по пазарна капитализација, повторно станувајќи највредната јавно тргувана компанија во светот.Акциите на…

June 4, 2025
Blog

Експерти за криптопазарот укажуваат: Не верувајте во секоја криптовалута, голем дел од нив се шпекулативни и ќе исчезнат

Десет илјади евра изгубил македонски државјанин при измама во трговија со криптовалути, велат од МВР во изјава за Гласот на Америка.…

December 7, 2024
Blog

Никој не знае каде е судијата Ристов, пред еден месец го исклучил мобилниот телефон и зел боледување

Потрагата по уште пари од сомнително потекло и докази против осомничениот апелационен судија Ѓоко Ристов продолжува. МВР и Обвинителството не…

January 19, 2026
Blog

Тесла мора да плати 200 милиони долари отштета поради смртоносен судар со автопилот

Поротата во Флорида ја прогласи компанијата Тесла за делумно одговорна за фаталната несреќа во 2019 година, во која беше вклучен…

August 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?