Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска пресуда за сообраќајката во која загина Фросина, нејзиното семејство бара највисока казна за Васил
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Денеска пресуда за сообраќајката во која загина Фросина, нејзиното семејство бара највисока казна за Васил
ХРОНИКА

Денеска пресуда за сообраќајката во која загина Фросина, нејзиното семејство бара највисока казна за Васил

Објавено May 13, 2025 08:22
Сподели
Сподели

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Според обвинението, на 29 јануари годинава, Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. За делото за кое се товари Јованов е предвидена затворска казна до 20 години.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинението се однесува на периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година, во кој тој му дозволувал на својот син да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека нема возачка дозвола и е сторител на сообраќајни деликти.

На рочиштето за прегазувањето на Кулакова што се одржа мината недела се изведуваа само докази кои се однесуваа на висината на казната, а не и за настанот, со оглед дека Јованов го призна делото.

Обвинителот Александар Марковски, како докази за одмерување на видот и висината на казната, пред судот го наведе тоа што за Јованов има правосилна пресуда со казна затвор од три години и десет месеци и пет прекршочни постапки кои не се процесуирани за разни сообраќајни прекршоци.

Бранителот на Јованов, адвокатот Сашко Дуковски пред судот достави докази за положени испити на факултет и медали од освоени натпревари во бокс, доказ од Ракометнана федерација дека е регистриран играч за сезоната 2021-22 и видео со времетраење од 36 секунди, за кое рече дека одбраната сака да го покаже пред Судот односот на обвинетиот непосредно по стореното дело и неговото искрено каење извикувајќи „леле што направив” и „греота за девојчето”.

Обвинителот му посочи на Судот да пристапи со должно внимание на оваа снимка, со оглед на квалитетот на звукот и дека тоа што било кажано е така од збор до збор.

Адвокатот на семејството Кулакови, во завршниот збор побара највисока казна за обвинетиот, земајќи ги како отежнителни околности тоа што управувал возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол и без почитување на сообраќајните правила.

Бранителот на Јованов во завршниот збор рече дека во оваа сообраќајна несреќа губитници се двете семејства и дека е тешко и за семејството на загинатата Фросина, но исто така е тешко, како за обвинетиот, така и за неговото семејство.

– Овој кривично- правен предмет не е само предмет што доби медиумска помпа, туку се претвори во јавна хајка и линч против обвинетиот. Од првиот ден се повикуваше на линч и смртна казна. Да, Васил е виновен, но не може да се бара смртна казна. Сметам дека Република Македонија е демократска држава и владее закон, а не законот на линч и око за око, заб за заб, изјави адвокатот Дуковски.

Повика да се престане со инсинуации, нагласувајќи дека Васил ниту избегал, ниту се обидел, и да било така, дека обвинителот ќе го гонел и за неукажување на помош.

Тој, исто така, укажа и на судската пракса за вакви дела, посочувајќи на сообраќајната несреќа на истата локација од другата страна на Партизанска од 2018 година, каде под дејство на алкохол со признание на вина е досудена казна од 3.5 години затвор, како и на сообраќајната несреќа во Велес, каде животот го загуби 11 годишно девојче, за што возачот го негираше делото и се обидел да избега, а доби осум години затвор.

Обвинетиот Васил Јованов, во завршен збор пред Судот, уште еднаш изрази каење за случајот.

-Не можам да објаснам какво каење чуствувам. Не поминал ден да не се помолам за душата на Фросина и за нејзината фамилија. Тоа е нешто што ќе ме прогонува до крајот на мојот живот. Сакам уште еднаш да искажам најдлабоко сочувство и извинување на семејството и на сите кои ги познавам, изјави Јованов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крис Павловски: Македонија може да биде Швајцарија на Балканот, фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате голем просперитет
Следна Статија Македон со нов златен медал – сега се подготвува за супер финале во Бугарија со најдобрите математичари од светот!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Дал 5 евра за автобусот да ја мине границата, уапсен 28-годишен Косовец на Блаце

На 22.12.2024 во 21.10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода…

December 23, 2024
ХРОНИКА

Педофил од Велешта фатен со гнасни видеа и фотографии

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, откако спроведе истражна постапка, донесе одлука и поднесе Обвинителен акт против 38-годишник од…

December 7, 2024
ХРОНИКА

Изготвил лажни одобренија за градење, трошел повеќе од дозволеното за репрезентација и ненаменски трошел пари предвидени за гориво, кривична за градоначалникот на Росоман

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Н во својство на Градоначалник на Општина…

June 10, 2025
ХРОНИКА

Кривична пријава против Прпарим, Груби, Ковачевски и уште пет лица

На 13.12.2024 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и корупција-Сектор за криминалистички истраги-Единица за корупција…

December 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?