Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица – заштитничка на жените, мајките и семејниот живот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица – заштитничка на жените, мајките и семејниот живот
МАКЕДОНИЈА

Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица – заштитничка на жените, мајките и семејниот живот

Објавено August 28, 2025 08:40
Сподели
Сподели

Православните верници денеска го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како Голема Богородица. Овој празник, кој се слави на 28 август, е посветен на заспивањето и вознесението на Мајката Божја. Според црковното предание, Пресвета Богородица по завршувањето на својот земен живот не останала во гробот, туку со тело и душа била вознесена на небото. Затоа верниците со голема почит и радост го празнуваат овој ден, кој е симбол на надежта за вечен живот.

Господ, Кој на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај ги таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата родителка. Кога висеше на крстот во маки, се сети на Неговата мајка и покажувајќи на апостолот Јован, рече: „Жено, ете ти син!“ Потоа му рече на Јован: „Ете ти мајка!“ И така ја згрижи Својата Мајка и издивна. Јован имаше дом на Сион во Јерусалим, во којшто се насели и Богородица и остана да живее во него до крајот на Нејзините денови на земјата. Со своите молитви, со благите совети, кротоста и трпеливоста, таа многу им помагаше на апостолите на Нејзиниот Син.

Целото време до смртта главно го помина во Јерусалим, обиколувајќи ги често оние места што ја потсетуваа на големите настани и големите дела на Нејзиниот Син. Особено често одеше на Голгота, во Витлеем и на Елеонската Гора. Од нејзините подолги патувања се спомнува нејзината посета на свети Игнатиј Богоносец во Антиохија, посетата на светиот четиридневен Лазар, епископ Кипарски, посетата на Света Гора, којашто самата ја благослови, и пребивањето во Ефес, заедно со свети Јован, за време на големото гонење на христијаните во Јерусалим. На старост таа често Му се молеше на Бога на Елеонската Гора, на местото на Неговото Вознесение, што порано да ја земе од овој свет. Еднаш ѝ се јави Архангелот Гавриил и ѝ објави дека по три дена ќе биде упокоена.

Тогаш ѝ даде и една палмова гранка за да ја носат на нејзиниот погреб. Таа се врати дома со голема радост и посака во срцето уште еднаш да ги види сите Христови апостоли. Господ ѝ ја исполни оваа желба и сите апостоли, носени на облаци од Ангелите, одеднаш се собраа во домот на Јован на Сион. Со голема радост таа ги виде Светите апостоли, ги охрабри, ги посоветува и ги утеши, и по ова мирно го предаде својот дух на Бога, без никаква мака и телесна болест. Апостолите го зедоа одарот со нејзиното тело, од коешто излегуваше благоухание и во придружба на мноштво христијани го пренесоа во Гетсиманската градина, во гробницата на светите Јоаким и Ана. По Божја Промисла поворката од злобните Евреи ја засолнуваше облак. Некој еврејски свештеник Атониј, го дофати со рацете одарот со намера да го преврти, но во тој миг ангел Божји му ги отсече обете раце. Тогаш тој повика кон апостолите за помош, а откако објави дека поверувал во Господа Исуса Христа, беше исцелен. Апостолот Тома повторно – по Божја Промисла – изостана, та на тој начин да се открие една нова и преславна тајна за Пресвета Богородица.

Третиот ден пристигна и тој, и посака да го целива телото на Пречистата Владичица. Но, кога апостолите го отворија гробот, ја најдоа само плаштаницата, а телото не беше внатре. Таа вечер им се јави на апостолите самата Пресвета Богородица опкружена со мноштво ангели и им рече: „Радувајте се, ќе бидам со вас вовек“. На која возраст се упокои Богородица не се знае точно, но преовладува мислењето дека на крајот од овоземниот живот имала повеќе од шеесет години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пронајдена човечка вилица стара 1,8 милиони години во Грузија
Следна Статија Каков срам за Манчестер јунајтед: Елиминиран е од четвртолигаш во Лига Купот на Англија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Средба Муцунски – Џејмисон Грир: Постигнавме конкретен напредок во преговорите за намалување на тарифите

За време на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на неговиот Фејсбук профил…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сестрата на Фросина: “Кој е следен?” да ве прашаме вас, Која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси?

Росица Кулакова, сестрата на трагично загинатата Фросина Кулакова, која беше прегазена на пешачки премин на билеварот Партизански одреди во Скопје,…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на нестабилно време со дожд и грмежи. Според синоптичарите, утре во…

April 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тошковски се огласи за бегството на Груби: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран!

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку видео порака се обрати на СДСМ по повод бегството на Артан Груби. Тој…

December 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?