Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денес го славиме Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денес го славиме Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан
МАКЕДОНИЈА

Денес го славиме Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

Објавено January 9, 2026 10:19
Сподели
Сподели

Роднина на апостолот Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските области. Беше прв од Седумте ѓакони коишто Светите апостоли ги ракоположија и ги поставија на служба на грижа за сиромасите во Ерусалим. Затоа и го нарекоа архиѓакон. Со силата на својата вера вршеше големи чуда меѓу луѓето. Злобните Евреи се препираа со него, но беа секогаш победувани од неговата мудрост и од силата на Светиот Дух Којшто дејствуваше преку него. Тогаш посрамени Евреите, свикнати на измами и клевети, го побунија народот и народните старешини против невиниот. Клеветата против Стефан велеше дека хулел на Бога и на Светиот пророк Мојсеј. Брзо најдоа лажни сведоци коишто тоа и го потврдија. Тогаш Стефан застана пред народот и сите видоа дека лицето негово е како лице на ангел, т.е. озарено од благодатна светлина како што некогаш беше Мојсеј кога говореше со Бога. Стефан ги отвори своите усни и ги пореди многубројните доброчинства и чуда Божји извршени од Бога во минатото над народот израилски, но и многубројните злосторства и противења кон Бога од страна на тој народ. Особено ги изобличи за убиството на Господ Христос, нарекувајќи ги предавници и крвници. И додека тие чкртаа со забите, Стефан погледна и го виде небото отворено и славата Божја. Тоа што го виде тој им го објави на Евреите: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки кај седи од десната страна на Бога“ (Дела 7). Тогаш пакосниците го изведоа надвор од градот и го убија со камења. Меѓу неговите мачители беше и неговиот роднина Савле, подоцна апостол Павле. Во тоа време на некој камен во далечината стоеше Пресвета Богородица со Свети Јован Богослов и го гледаа мачеништвото на првиот маченик за вистината на нејзиниот Син и Бог, молејќи Го Бога за Стефана. Ова се случи една година по слегувањето на Светиот Дух на апостолите. Телото на Св. Стефан тајно го зеде и го погреба на својот имот Гамалиил, кнез еврејски, а потаен христијанин. Така заврши во слава првенецот меѓу христијанските маченици и се пресели во Царството на Господ Исус Христос.

Тропар
Со добар подвиг се подвизуваше, првомачениче Христов и апостоле, и ја изобличи безбожноста на мачителите; беше каменуван од рацете на беззакониците, прими венец од вишната десница, и на Бога Му се молеше, повикувајќи: Господи, ова за грев не земај им го.

Кондак
Вчера Господ во тело при нас доаѓаше, а денес еден слуга од телото излегуваше; вчера Оној што царува во тело се роди, а денес Неговиот слуга смртно се каменува и заради Него пострада првомаченикот и божествен Стефан.

Преподобните маченици Теодор и Теофан Начертани

Браќа по тело, родум од Палестина, многу образовани во светската мудрост и во духовната. Монаси во обителта на Св. Сава Осветен, потоа и презвитери. Луто пострадаа за иконите во времето на тројцата цареви: Лав Ерменин, Михаил Валвос и Теофил. Безумниот Теофил ги тепаше со свои раце и нареди па по лицата со железо им нацртаа шегобијни стихови, заради што и ги завикаа Начертани. Ги фрлија во затвор во градот Агапија Витиниска. Овде Теодор умре во маки и во рани. Теофан го ослободија во времето на Теодор и Михаил, а патријархот Методиј го постави за митрополит Никејски. Свети Теодор се упокои во 833 година. Овие прекрасни браќа пострадаа за Христа од Кого добија според љубовта во бесмртното Царство Негово.

Тропар
Запишани во непропадливата книга небесна, двајцата жигосани по лицата, светите Теодор и Теофан, денес Црквата ги возвеличува, Христос ги прославува, смирените Негови исповедници и преподобномаченици, кои за нас се молат и постојано со нас пребиваат, преку мноштвото писанија и славословија на Бога, со оние кои Него Го прославуваа во сите векови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Д-р Бошковска: Се чини дека грипот го достигнува својот пик, Клиниката во Козле е полна
Следна Статија Најновите технолошки иновации во безбедноста откриени на CES 2026

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Судење за „Пулс“: Нацев тврди дека е жртва на медиумски линч, одбраната негира дека тој е сопственик на „Рубикон“

Во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Во својот воведен збор, обвинетиот Александар…

December 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гаши: Изборот на новите министри ќе биде по завршување на седницата за Буџетот

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска на брифинг со новинарите изјави дека седницата за разрешување на министерот за евроинтеграции, Орхан…

December 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во 21 век во Лерин Македонците можат да свират, но не и да пеат

Локалните власти во Лерин, на чело со градоначалникот, забранија да се пеат македонски песни: грчката цензура е спротивна на европските…

December 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Половина од анкетираните млади се соочиле со корупција во образованието

Со некаков облик на корупција, најчесто во образованието – од поткуп за оценки до купување дипломи, се соочиле 54 отсто…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?