Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денот кога запре љубовта на Бошко и Адмира: Приказна за смртта на сараевските „Ромео и Јулија“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Денот кога запре љубовта на Бошко и Адмира: Приказна за смртта на сараевските „Ромео и Јулија“
Blog

Денот кога запре љубовта на Бошко и Адмира: Приказна за смртта на сараевските „Ромео и Јулија“

Објавено May 19, 2025 22:03
Сподели
Сподели

Во Босна и Херцеговина, пред војната во деведесеттите, 10% од браковите биле мешани, а во главниот град Сараево, речиси секој трет брак бил мешан. атоа, не е изненадувачки што на родителите на Србинот Бошко Бркиќ и муслиманката Адмира Исмиќ не им пречело кога нивните деца почнале да се забавуваат. Тие двајцата ги нарекуваат сараевските Ромео и Јулија, но за разлика од италијанскиот пар, омразата меѓу нивните фамилии не беа причина за нивната смрт, туку тоа беше војната.

Боѓко и Адмира се родени во истата година – 1968 година. Тие почнале да се забавуваат на 16-годишна возраст, признавајќи ги своите чувства еден кон друг на Нова Година 1985 година. Судбината одлучи дека ќе бидат прва и последна љубов еден на друг.

За време на војната, при најтешките борби за Сараево, Бошко со своето семејство можел да го напуштат опколениот град, но тој не сакал да ја напушти својата сакана. Тие се обиделе на сите можни начини и, со помош на пријатели, добиле дозвола да се преселат во Грбавица, српскиот дел од Сараево, каде што беше помирно. Притоа, и српската и муслиманската страна се согласиле за тоа. Имало само еден пат – преку мостот Врбан, околу кој војници стоеле од двете страни на реката.

Постои верзија дека се случила трагична несреќа: еден од војниците не знаел за договорите и прв пукал, а потоа настанал општ хаос, дожд од куршуми и гранати.

Но, познатиот писател Момо Капор, во својата „Сараевска трилогија“, претставува поинаква верзија на развојот на настаните. Така, за време на војната, во Сараево голема контрола имал муслиманскиот криминалец Исмет Бајрамовиќ, познат како Чело. Наводно, тој се согласил да им дозволи на вљубените млади да го напуштат градот за 18.000 марки. Но, кога, доцна во ноќта на 18 мај 1993 година, Адмира и Бошко почнале да ја преминуваат реката Миљацка, на сигнал на Чело, муслиманските снајперисти отвориле оган врз нив.

Бошко го примил првиот куршум и починал веднаш. Ранетата Адмира успеала да ползи до него и починала прегрнувајќи го својат сакан.

Бошко лежи со лицето надолу на тротоарот, со десната рака несмасно фрлена зад грб. Адмира лежи до својот сакан, ставајќи ја левата рака на неговиот грб“, се сеќава еден војник кој бил сведок на настанот.

Шест дена подоцна, телата на убиените биле извлечени од Србите, под силен оган од Бошњаците. Мировниците на УНПРОФОР одбиле да ги евакуираат телата, наведувајќи ја можноста нивните оклопни возила да бидат нападнати.

Сè уште не е познато точно кој го убил младиот пар и никој не е повикан на одговорност.

По војната, во 1996 година, Бошко и Адмира се препогребани во истата гробница на градските гробишта Лав во Сараево.

Врз основа на оваа трагедија, подоцна е снимен документарниот филм „Ромео и Јулија во Сараево“, кој дури беше номиниран и за Оскар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Телохранителот на водачот на Шкаљарскиот клан ограби златарница
Следна Статија Димитриеска-Кочоска: Новиот стратешки договор носи поевтино финансирање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Јарец – понеделник, 10 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денот можеби ќе започне мирно, но ќе нуди обфатни можност за подигнување на позитивната вибрација.…

February 10, 2025
Blog

Калифорнија ја престигна Јапонија и стана четврта најголема економија во светот

Економијата на американската сојузна држава Калифорнија ја надмина економијата на Јапонија и стана четврта по големина во светот во однос…

April 25, 2025
Blog

Рудникот Саса инвестираше во нов систем за рано предупредување од елементарни непогоди

Директорот за Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов и генералниот директор на Рудник Саса, Кристофер Колбурн го потпишаа…

March 28, 2025
Blog

Граѓаните на еврозоната повторно сигнализираат за зголемување на инфлацијата

Инфлацијата во еврозоната се зајакнува, а јазот меѓу растот на платите и цените малку се прошири, според проценките на граѓаните…

May 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?