Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Деребан: Одлуката на Влада за разрешување на Коцевски е одличен потег и е еден од чекорите за тоа како да се бориме против криминалот и корупцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Деребан: Одлуката на Влада за разрешување на Коцевски е одличен потег и е еден од чекорите за тоа како да се бориме против криминалот и корупцијата
МАКЕДОНИЈА

Деребан: Одлуката на Влада за разрешување на Коцевски е одличен потег и е еден од чекорите за тоа како да се бориме против криминалот и корупцијата

Објавено February 17, 2025 10:13
Сподели
Сподели

На синоќешното гостување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, заменик министерот за правда, Ален Деребан се осврна на минатото и кажа дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има наследено држава во која не владеат Уставот и законите.

„Оваа Влада наследи држава во која не владеат Уставот и законите. Држава во која секојдневно бевме сведоци на кршење на основните човекови слободи и права. Република Македонија беше доведена до степен да се декларира како држава во која владее правна несигурност со длабоко вкоренети системски криминал и корупција, кои што го разјадуваат секое здраво ткиво од општеството’’, истакна Деребан и посочи дека крајно време е да се воведе ред и правда во Македонија.

Деребан нагласи дека актуелната одлука на Влада за разрешување на ЈО Коцевски е одличен потег и е еден од чекорите за тоа како да се борат против криминалот и корупцијата.

„ Очекував и претходно да даде оставка, поради сите случувања во правосудниот систем, поради тоа што, како резултат на нивното работење ние имаме пад на индексот за перцепција за корупцијата во кој детално е нагласено дека една од основните, главните причини е не постапувањето и неажурноста на обвинителството во предметите со корупција и висок степен на криминал’’, потенцираше заменик министерот, кој додаде дека ова е една од главните причини за одлука да се разреши ЈО Коцевски.

Тој појасни дека работата на државниот јавен обвинител е да гони криминал и корупција, а не тој самиот да биде вклучен во истата.

„Јавниот обвинител наместо да се занимава со гонење на криминал и корупција, во претходниот период, се занимава со внатрешно пресметување со останатите обвинители и со посредување при склучување на судски спогодби, каков што беше случајот со поранешниот Врховен судија и поранешниот потпретседател на Советот за јавни обвинители’’, изјави Деребан.

Деребан се осврна и на составот на Судскиот совет за кого истакна дека веќе не е кредибилен.

„Овој состав на Судскиот совет целосно го има изгубено својот кредибилитет и не може да биде носител, ниту дел од реформите во правосудството. Овој Судски совет е причина за голем број на домашни и меѓународни негативни извештаи. Исто така е причина за падот на индексот за перцепција на корупцијата, каде што е нотирано дека една од причините е лошата контрола на овој Судски совет врз судиите“, заклучи Деребан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дневен хороскоп за Јарец – понеделник, 17 февруари 2025
Следна Статија Дневен хороскоп за Водолија – понеделник, 17 февруари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски ќе го награди полицискиот службеник кој спречи девојка да скокне и да си го одземе животот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по вчерашниот настан во Тетово, каде полициски службеници спречија трагедија и спасија млад живот,…

July 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Што ќе биде најатрактивно – Почнува уписот во средните училишта, од денеска прво електронско пријавување

Од денеска до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година…

June 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре е Велики петок – најтешкиот ден во годината

Патем, од собата на Тајната вечера до Гетсиманија, Христос продолжил со Прошталната беседа и ги поучувал апостолите (Јован 15 и…

April 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

За многу години: Денеска е Митровден

Православните верници го слават празникот на Светиот великомаченик Димитриј, меѓу народот познат како Митровден. Празникот е посветен на Свети Димитриј…

November 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?