Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДЕТАЛИ: Докторот во „Железара“ бил убиен со девет убоди од нож, сопружниците одат во притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ДЕТАЛИ: Докторот во „Железара“ бил убиен со девет убоди од нож, сопружниците одат во притвор
ХРОНИКА

ДЕТАЛИ: Докторот во „Железара“ бил убиен со девет убоди од нож, сопружниците одат во притвор

Објавено July 15, 2026 15:17
Сподели
Сподели

Одреден притвор за маж и жена од Скопје кои го убија докторот Трповски чие тело беше пронајдено на паркинг во Автокоманда во март 2024 година. Обвинителството обезбеди повеќе докази.

На 21.03.2024 година, на паркинг простор во населбата Автокоманда, осомничениот 65-годишник со умисла го лишил од живот сега покојниот Ацо Трповски. Притоа, му помогнала 59-годишната осомничена, прикривајќи ги средствата и трагите од извршеното кривично дело, информираа од Јавното обвинителство.

Осомничената се договорила со жртвата да се најдат на наведеното место. Кратко време откако влегла во неговиот автомобил, пристигнал осомничениот. Тој ја отворил вратата од возилото и го извлекол оштетениот, со кого започнале вербално да се расправаат. Во еден момент, осомничениот извадил нож и му нанел девет убодни рани во градите и телото од кои оштетениот починат.

Сопружниците заедно го ставиле телото на предното седиште од автомобилот. Осомничениот го одвезол до паркингот на Поликлиниката Железара, каде го префрлил починатиот на возачкото седиште. Осомничената со средство ги избришала трагите од автомобилот, по што двајцата заминале.

Јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Д-р Ацо Трповски, беше убиен на 67-годипна возраст, а беше доктор по општа медицина во Поликлиника „Железара“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Цеца и пукна цевката за вода
Следна Статија Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Брутално насилство: Маж ја извлекол од дома поранешната партнерка, ја влечел по улица и ја тепал со шлаканици и клоци

Ново брутално насилство, изврешно од маж врз жена ја потресе јавноста. 45-годишен маж од Кисела Вода ја извадил од домот…

May 16, 2026
ХРОНИКА

Кумановец крвнички ја претепал сопругата, и скршил три ребра

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил сопругата. Како…

March 25, 2026
ХРОНИКА

Тајна мрежа за сексуални услуги разбиена во Македонија

Две лица добија кривични пријави за „посредување во вршење проституција“ и „помагање“, соопшти МВР. СВР Тетово поднесе кривична пријава против…

February 16, 2026
ХРОНИКА

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на…

October 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?