Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Детали за акцијата „Бункер“: Четворица уапсени, организирале нарачани убиства – Еден од убиените е и Оки од групата Грчец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Детали за акцијата „Бункер“: Четворица уапсени, организирале нарачани убиства – Еден од убиените е и Оки од групата Грчец
ХРОНИКА

Детали за акцијата „Бункер“: Четворица уапсени, организирале нарачани убиства – Еден од убиените е и Оки од групата Грчец

Објавено May 21, 2025 14:48
Сподели
Сподели

Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“ во предметот под кодно име „Бункер“, под раководство на предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска во текот на утринските часови единиците на МВР извршија претреси на пет локации во Скопје. При претресите четири лица се приведени, а во дом на еден од осомничените е пронајдено поголемо количество на марихуана што ќе биде предмет на вештачење.

Јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четворицата приведени за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Злосторничко здружување и кривично дело Убиство, а еден од осомничените сторил и кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Според обезбедените докази во текот на 2023 година осомничените станале припадници на група која дејствувала подолг временски период и имала за цел вршење на кривични дела Убиство од одмазда и по порачка за кое е пропишана затворска казна од најмалку десет години или доживотен затвор и други кривични дела. Тие прифаќајќи ги одлуките и насоките од организаторите на криминалната група, во континуитет преземале дејствија на обезбедување услови, отстранување пречки и ставање средства на располагање за извршување на порачките за лишување лица од живот. Така, тројца од осомничените во текот на месец јули 2023 година, на македонска и грчка територија, поттикнати и по порачка од претходно осомничен – организатор на групата, преземале дејствија на извидување на локација на оштетен и обезбедување средства за вршење на кривичното дело, при што во Грција бил лишен од живот припадник на спротивставената организирана криминална група Грчец. Во месец мај 2024 година, пред објект на т.н. пластичарска улица двајца осомничени извршиле убиство на едно лице, а при заминување од местото пукале во возило што било паркирано во непосредна близина при што повредиле други лица од кои едно лице починало, се вели во соопштението на ОЈО ГОКК.

Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети условите за тројца од осомничените до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе поднесе предлог за определување на мерката притвор, додека за еден осомничен предлог за определување мерки на претпазливост.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Дел од минатите раководства на МЕПСО барале мито од инвеститори, во моментот тоа се истражува
Следна Статија Случајот за убиствата на Вања и Панче при крај, на втори јуни почнуваат завршните зборови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Двајца државјани на Македонија загинаа во сообраќајка на автопатот Белград-Ниш

Сообраќајна несреќа се случила утрово на автопатот Белград-Ниш, при што загинале две лица, а едно е повредено, дознава Танјуг. Според…

December 21, 2025
ХРОНИКА

Трагедија кај Блаце: Тројца мртви во превртен мерцедес

Три лица, еден маж и две жени, се пронајдени починати во превртено возило на патот помеѓу граничниот премин „Блаце“ и…

July 20, 2026
ХРОНИКА

Се запали автобус на ЈСП

„На 15.11.2025 околу 06:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје настанал пожар во…

November 15, 2025
ХРОНИКА

Пронајдени 17 мигранти од Сирија, еден бил повреден

На 11.11.2024 во 03:17 часот во село Лојане, липковско, полициски службеници од СВР Куманово пронашле 17 лица мигранти од Сирија,…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?