Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Детали за убиството во Скопје: Пред 5 годишната ќерка со нож ја избодел сопругата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Детали за убиството во Скопје: Пред 5 годишната ќерка со нож ја избодел сопругата
ХРОНИКА

Детали за убиството во Скопје: Пред 5 годишната ќерка со нож ја избодел сопругата

Објавено May 4, 2025 17:26
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Истрага е поведена и против уште едно лице за кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 од Кривичниот законик.

-Првиот осомничен, вчера при вршење семејно насилство во домот во Шуто Оризари, ја лишил од живот својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. Делото го извршил во присуство на 5-годишната ќерка. На жртвата и нанел повреди и убодни рани со нож во пределот на вратот и градниот кош, од кои таа починала на лице место. Веднаш потоа избегал од домот, во што му помогнал вториот осомничен кој му дал друга облека и му овозможил превоз со автомобил до граничниот премин Табановце. Во непосредна близина на границата го оставил и се вратил во Скопје каде се обидел да ги прикрие трагите на своите помагачки дејствија, соопшти Обвинителството.

Осомничениот за убиство продолжил кон границата каде бил запрен и уапсен.

Во текот на денешниот ден, по наредба на јавен обвинител беа преземени повеќе дејствија со кои беше пронајдено оружјето со кое е извршено убиството, облеката на сторителот и други материјални докази кои се обидел да ги прикрие и кои ќе бидат предмет на вештачење.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за определување мерка притвор и за осомничениот за убиството и за неговиот помагач.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Детали за тешката сообраќајка во Хрватска: Автомобил прво удрил во срна, а потоа на него налетал автобусот
Следна Статија Доделена државната награда „Гоце Делчев“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

Во текот на изминатата недела мобилни тимови и царински службеници на граничните премини спречија обиди за криумчарење на поголема количина…

November 26, 2024
ХРОНИКА

Еден починат и тројца повредени во сообраќајна несреќа кај Градско

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа 10 минути по полноќ на локалниот пат село Горно Чичево кон Долно Чичево во…

August 28, 2025
ХРОНИКА

Еден загинат, повеќе повредени во тежок судир кај охридскиот аеродром

Едно лице го загуби животот, а има и повредени во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на магистралниот пат…

July 10, 2025
ХРОНИКА

Пукање во Прилеп, ранета службеничка на Центарот за социјални работи

 Вработена во прилепскиот Центар за социјални работи е ранета од огнено оружје денеска нешто пред 14 часот, во просториите на…

March 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?