Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Децата во Македонија на возраст од 6 до 9 години јадат најмалку зеленчук и овошје во Европа,
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Децата во Македонија на возраст од 6 до 9 години јадат најмалку зеленчук и овошје во Европа,
ЗДРАВЈЕ

Децата во Македонија на возраст од 6 до 9 години јадат најмалку зеленчук и овошје во Европа,

Објавено March 4, 2026 11:46
Сподели
Сподели

Децата во Македонија на возраст од 6 до 9 години јадат најмалку овошје и зеленчук во Европа за разлика од своите врсници. Вкупно 31,2 отсто од децата во Македонија имаат зголемена телесна тежина, а 13,7 отсто од нив живеат со дебелина, што е над просекот на европскиот регион, 25 проценти и 11 проценти соодветно, објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на одбележувањето на Светскиот ден на дебелината, 4 март.

ИЈЗ ги објави наодите од студијата на Европска иницијатива за следење на дебелината кај децата (COSI) кои покажуваат покажуваат сериозни предизвици поврзани со исхраната и телесната тежина кај децата од 6 до 9 – годишна возраст во Македонија.

Бројките за Македонија се поразителни и зголемени во однос на минатата година, кога ИЈЗ објави дека 30,4 отсто од децата на возраст од 6 до 9 години во Македонија живеат со вишок на килограми. Од нив, 13,8 проценти живеат со дебелина, а 4,4 отсто со екстремна дебелина.

фото: Иконографик на Институтот за јавно здравје

Зголемената телесна тежина и дебелината е почеста кај момчињата во споредба со девојчињата.

Децата со зголемена телесна тежина и дебелина живеат во семејства чиишто родители имаат низок или среден степен на формално образование. Децата кои практикуваат навики коишто поддржуваат здравје живееле со родители коишто имале повисок степен на образование, покажале наодите од студијата.

Постои ниска свесност кај родителите за препознавање на зголемената телесна тежина и дебелината кај нивните деца. За повеќе од половина од децата коишто живеат со зголемена телесна тежина и/или дебелина, родителите перципирале дека телесната тежина на нивните деца е во препорачани граници на „нормална телесна тежина“

Податоците покажуваат дека само 25 отсто од децата секојдневно јадат свежо овошје – ова е најниската дневна консумација на овошје во целиот европски регион. Само 20 отсто консумираат свеж зеленчук секој ден – што, исто така, е меѓу најниските нивоа во Европа.

Солени грицки консумираат 40 проценти од децата – најмногу во однос на државите вклучени во COSI студијата во Европскиот регион. Повеќе од половина (51%) од децата редовно консумираат слатки грицки три или повеќе дена во неделата.

Истражувањето покажало дека 40 отсто од децата поминуваат повеќе од два часа дневно пред екрани (телевизија или електронски уреди).

63,3 проценти од децата пешачат или возат велосипед до училиште; кај оние што живеат на растојание до 2 km, оваа навика ја практикуваат дури 89 проценти.

94 отсто од децата секојдневно имаат најмалку еден час активна игра со умерен до силен интензитет.

48,2 отсто активно спортуваат или танцуваат повеќе од два часа неделно.

Големо мнозинство, 88,6 проценти, спијат најмалку 9 часа навечер.

Овие резултати ја нагласуваат итната потреба од системски интервенции во училишната и семејната средина на децата, со цел да се промовира нивен здрав раст и развој. Интервенции се потребни и во други области. Реформулацијата на храната, информациите поврзани со храната, рекламирањето, урбаната околина и можноста за практикување безбедно движење и физичка активност се само дел од нив, велат од ИЈЗ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Porsche responds after Resident Evil fans claim Leon will definitely destroy his Porsche in Resident Evil Requiem – Dexerto
Следна Статија Logan Paul qualifies for Elimination Chamber after mystery masked man is revealed – Cageside Seats

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Искачување на Титов Врв за подигнување на свеста за ракот на дојката

Јавната установа Национален парк „Шар Планина“ го организира третото традиционално искачување на највисокиот врв на Шара – Титов Врв, акција…

September 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Детската клиника во Скопје доби медицинска опрема вредна околу 2,7 милиони денари

Клиниката за детски болести во Скопје денеска прими донација – медицинска опрема или пет значајни медицински апарати – плазматерм, билирубинометар,…

November 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Dove гелот за туширање повлечен од пазарот

Системот RAPEX за брза размена на информации за небезбедни производи што се пласирани на единствениот пазар на ЕУ, ги информира…

August 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, пикот се очекува кон средината на февруари

Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, а пикот се очекува кон средината на февруари. Почетокот на второто полугодие за…

January 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?