Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Децата ја спасиле мајката од таткото насилник во Струмичко
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Децата ја спасиле мајката од таткото насилник во Струмичко
ХРОНИКА

Децата ја спасиле мајката од таткото насилник во Струмичко

Објавено November 28, 2025 17:48
Сподели
Сподели

Маж, на суров начин, се обидел да ја убие својата сопруга во струмичкото село Просениково, и тоа пред очите на своите две малолетни деца. Обвинителството бара притвор за него и му поднесе кривична пријава за убиство во обид. Морничавиот настан се случувал во семејниот дом во средата, кога 48-годишниот маж ја фатил жената за главата и се обидел со шприц насилно да ѝ вбризга во устата одредена течност, најверојатно пестицид. Несреќната жена почнала да го турка и да вика, а тоа го слушнале нивните две малолетни деца кои дошле од другата соба и се обидувале да ја одбранат мајка им. Таа успеала да му се измолкне и влегла во бањата, но бруталниот сопруг тргнал по неа, ја турнал во кадата и ја притиснал со коленото, па со нож започнал да ја сече на вратот во близина на каротидната артерија. Децата повикале роднини кои успеале некако да го оттргнат насилникот.

– Во својот исказ пред јавниот обвинител, жената потврдила дека подолг временски период била жртва на физичко и на психичко семејно насилство од сопругот, но не се осмелувала да го пријави тоа. Според јавниот обвинител, постои реална опасност осомничениот повторно да врши семејно насилство и да го доврши обиденото дело. Исто така, постои опасност од бегство и можност тој да влијае на сведоците на настанот, негови блиски роднини кои ѝ помогнале на оштетената и ја однеле во болница. Од тие причини, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Веста за обидот за убиство на жената од Струмичко доаѓа паралелно со националната кампања „Шеснаесет дена активизам против семејното насилство“. Според бројките што ги објави министерството за труд и социјала, во 2025 година од вкупно 1.260 регистрирани жртви, дури 932 се жени – жртви на семејно насилство.

Од Националниот совет за родова рамноправност, во рамките на кампањата информираа дека, за две години, бројот на пријави за семејно насилство на СОС-линијата 141 700, пораснал за 70 %, најчесто пријавуваат жртвите, но и членови од семејството, полицијата, матичниот лекар, непосредното опкружување.

Иако надлежните уверуваат во заложбите за згрижување и помош на жените жртви, сепак државниот ревизор укажува на недостаток на легла во сместувалиштата, во Македонија има околу 60-ина, а согласно со Истанбулската конвенција е потребно да има повеќе од 180 низ целата држава.

„По спроведената ревизија, заклучивме дека мерките и активностите за обезбедување специјализирани услуги за поддршка и за заштита на жените жртви на насилство што се преземаат од надлежните институции не се доволно ефективни со цел превенција, поддршка и заштита на жените и нивна целосна реинтеграција“, порача Катерина Чалоска-Алексовска – помошничка на главниот државен ревизор.

Според податоците што ги објавија ОН, на секои 11 минути некаде во светот е убиена жена. Една од три жени доживеала некаква форма на насилство по наполнети 15 години, а една од 20 била силувана најчесто од сопствениот партнер. Во Македонија, годинава јавноста беше згрозена од пет случаи на фемицид. Насилството заврши кобно за жените од Кавадарци, Неготино, Шуто Оризари, Скопје, Штип и Велес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пронајден починат скопјанецот кој беше пријавен за исчезнат
Следна Статија Guinea-Bissau престолнината: Претседателот Умаро Сисоко Ембало бега во Сенегал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Апелација му ја намали казната и прифати ново судење за возачот кој кај „Млечен“ го усмрти Иван Билински

За смртта на 15-годишниот Иван Билински, кој во 2014 година беше прегазен и усмртен на пешачки премин кај Млечниот ресторан…

February 13, 2025
ХРОНИКА

Пет лица меѓу кои и едно бебе повредени во сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе

На 11.08.2025 во 11:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила сообраќајна несреќа…

August 12, 2025
ХРОНИКА

Се огласи мајката Зорица: Вања не е само број на жртва, Вања беше живот, со очи, со глас, со планови

Ниту еден родител не смее да го доживее тоа што јас го доживеав. Да го испрати детето во училиште и…

June 11, 2025
ХРОНИКА

Исчезна 11-годишно дете од СОС Детско село

На 28.04.2025 во 17.20 часот во Полициската станица Гази Баба, од СОС Детско село било пријавено дека од установата се…

April 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?