Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Диди се лекува од дрога и работи во капела во федералниот затвор „Форт Дикс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Диди се лекува од дрога и работи во капела во федералниот затвор „Форт Дикс“
ЗАБАВА

Диди се лекува од дрога и работи во капела во федералниот затвор „Форт Дикс“

Објавено November 11, 2025 14:34
Сподели
Сподели

Раперот Шон „Диди“ Комбс, кој беше осуден на повеќе од четири години затвор поради обвиненија за проституција, ги минува своите први денови во федералниот затвор „Форт Дикс“. Диди, имено, работи во затворската капела и посетува програма за лекување од дрога, покажуваат затворските записи.

Како што пренесува „Си-би-ес“ (CBS), Комбс, исто така, се соочува со дисциплински мерки за недозволен телефонски повик, што може да води до привремено губење на неговите права на телефон и продавница во затворот. Повиците биле упатени до повеќе луѓе, отколку што дозволуваат затворските правила, иако Комбс тврдел дека имало еден повик со неговиот правен тим и за соопштение за медиумите.

Мината седмица се проширија и информации дека Диди во затворот бил фатен со „домашно направен напиток“ од алкохол. Раперот ги отфрли тие наводи.

Комбс е запишан и во „Програмата за лекување од злоупотреба на дрога“ (РДАП), најинтензивната програма за рехабилитација од дрога во затворот, којашто може да му ја намали казната до една година. Неговата претставничка рече дека раперот е „активно вклучен во неговиот процес на рехабилитација“ и оти е сосредоточен на промени кон подобро.

За време на судењето, Комбс изјави дека неговите проблеми со дрога и алкохол се главната причина за неговите постапки, истакнувајќи дека сега, првпат по 25 години, е трезен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Слободен влез на Националната арена за мечот Македонија – Летонија
Следна Статија Над 2.000 години затвор за екс градоначалник на Истанбул, побара турското обвинителство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Ова се најдобрите плажи во Европа според Google Reviews

Holidu, компанија која им помага на луѓето да резервираат сместување за одмор, објави листа на најдобрите плажи во Европа според…

June 21, 2025
ЗАБАВА

Мицкоски се сретна со славниот тенор Доминго

По првата проба од затворен карактер со Оркестарот на Националната опера и балет, веднаш по слетувањето во Скопје, шпанскиот тенор…

March 13, 2025
ЗАБАВА

Традиционалниот василичарски концерт на Македонската опера и балет вечерва со директен пренос на МРТ

Македонската опера и балет вчера и денеска од 20 часот го организира традиционалниот концерт по повод празникот Василица, годинава насловен…

January 13, 2026
ЗАБАВА

Пролетта носи пресврт за три хороскопски знака

Оваа пролет, космичкиот сообраќаен метеж се расчистува и доаѓаат разни пресврти за поединечните знаци на Зодијакот. Пролетта започнува со мартовската…

March 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?