Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дизелот поевтин седум денари за литар, бензините за 3,5 – 4 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Дизелот поевтин седум денари за литар, бензините за 3,5 – 4 денари
ЕКОНОМИЈА

Дизелот поевтин седум денари за литар, бензините за 3,5 – 4 денари

Објавено June 22, 2026 14:56
Сподели
Сподели

Дизелот од вечерва на полноќ ќе биде поевтин за седум деанри за литар, а бензините за 3,5 – 4 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 7,00 денари за литар, како и мазутот М-1 НС чија цена се намалува за 3,932 денари за килограм.

Така, литар моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 84,00 денари, а литар моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 86,00 денари.

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) после полноќ ќе чини 80,50 денари за литар.

Маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 79,50 денари за литар, а мазутот М-1 НС 42,291 денари за килограм.

Новите цени на дериватите ќе се применуваат од 23.6.2026 година од 00:01 часот, се вели во одлуката на РКЕ.

Од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад велат дека се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61% во однос на одлуката од 15.6.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 8,216%, кај дизелот за 12,699%, кај екстра лесното масло за 12,354% и кај мазутот намалувањето е за 11,352%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0396%, се вели во одлуката на РКЕ.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.6.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, соопштија од РКЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Душко Тошиќ раскина со девојката, дали Карлеуша вмешала прсти
Следна Статија УХМР: Пороен дожд, силен ветер и град северно од Скопје и кај Кичево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

5 Марки на Фрижидери Кои Треба Да Ги Избегнувате, Според Извештаите на Потрошувачите

Откријте зошто Samsung, Frigidaire, KitchenAid, Monogram и Electrolux се соочуваат со критични предупредувања за поправки

February 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Договорот за стратешко партнерство со Британија ќе биде потпишан во четврток во Лондон

Условите за враќање и каматните стапки за средствата од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство ќе бидат подобри од…

May 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Косово неоправдано задржува македонски камиони на границата, соопшти Стопанската комора

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за неоправданото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на…

May 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Лидери“ се скопјани: Просечен Македонец лани направил 417 килограми ѓубре

Просечен Македонец лани направил 417 килограми ѓубре, кое речиси целосно завршило на депониите. Тоа е помалку за речиси пет отсто…

July 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?