Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски: До 15 август ќе се знаат деталите за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитриевски: До 15 август ќе се знаат деталите за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

Димитриевски: До 15 август ќе се знаат деталите за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ

Објавено August 1, 2025 18:02
Сподели
Сподели

Претседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија и градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска информираше дека по 15 август годинава ќе се знаат деталите од преговорите со коалицискиот партнер, ВМРО ДПМНЕ. Како што информираше на денешната прес-конференција во спортската сала во Куманово се преговара за поголем број општини, повторувајќи дека онаму каде што немаат свој кандидат ќе го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

– За мене Куманово и Центар веќе, според мене се решени. Што се однесува до останатите општини дополнително ќе бидете информирани. Разговараме за поголем пакет на поголем број на општини каде што нашиот коалициски партнер во Владата, ВМРО-ДПМНЕ со нивните коалициски партнери би дале поддршка на нашите кандидати во тие општини. Исто така, членството на ЗНАМ и нашите поддржувачи би дале поддршка на нивните кандидати во останатите општини каде што ќе немаме свои кандидат за градоначалник, вклучувајќи го и градоначалникот на град Скопје, изјави Димитриевски.

Во однос на советничките листи, Димитриевски рече дека настапуваат поединечно, нагласувајќи дека ЗНАМ ќе има советнички листи онаму каде движењето има општинска организација и во некои општини каде има поддржувачи.

– Во однос на советничките листи ние настапуваме поединечно или во овој случај ЗНАМ ќе има советнички листи во сите општини каде што има општинска организација, дополнително можеби во некои каде што немаме општинска организација и имаме заинтересирани поддржувачи коишто би биле кандидати или спровеле постапка на кампањата, рече Димитриевски.

Тој повтори дека деталите ќе бидат соопштени на средината на август, додавајќи дека секоја општина има своја специфичност, во однос на број на жители, во однос на зафатнина на површина.

-Не сакам да прејудицирам со бројки, бидејќи секоја општина по себе има своја специфика ако ги делите според тежина општините, претпоставувам ги селектирате според број на жители, според степен на развиеност на општина итн. Не е исто да се кандидат во една рурална општина којашто е најголема по територија во државата, а има мал број на население или да се кандидат во една урбана општина каде што има нешто поголемо население, многу помала територија. Секогаш тие поголеми со територија имаат и многу поголеми комунални проблеми и не би сакал да шпекулирам, сега во моментот, рече Димитриевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска-Давкова ќе се обрати на централната прослава на 2 Август во Крушево
Следна Статија Oфицијално: Изет Меџити ќе трча за Чаир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лефков: Предлозите на СДС за затворени седници се несериозни

Во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа гостуваше пратеникот и член на ИК, Миле Лефков. Тој…

October 10, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче ќе биде реизбран за лидер на СДСМ на 6-ти април

Внатрепартиските избори на СДСМ за лидер на партија, на кои единствен кандидат е актуелниот лидер Венко Филипче, ќе се одржат…

March 27, 2025
ПОЛИТИКА

Камчев од Валандово: Преговарем со двајца инвеститори за реактивирање на стопански објект

Кандидатот за градоначалник од Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ за општина Валандово, Ѓоко Камчев се обрати на мини митингот…

October 24, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Нов кружен тек, нов мост и други инфраструктурни проекти ќе добие општина Аеродром

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на општина Аеродром, на една од најкритичните сообраќајни…

October 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?