Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Објавено June 18, 2025 22:51
Сподели
Сподели

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ или поддршка со реципроцитет на едните или другите кандидати, на едната или другата политичка партија, посочи вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој ќе се кандидира за уште еден градоначалнички мандат.

Во гостување на централниот дневник на телевизија Сител, Димитриевски истакна дека на претстојните локални избори кои треба да се случат наесен, ЗНАМ ќе трча со свои кандидати за градоначалници, додека ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција со свои кандидати, но, вели, дефинитивно за одредени општини ќе има предизборна соработка.

– ЗНАМ трча со свои кандидати, ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција со свои кандидати. ЗНАМ трча со сопствени советнички листи, ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција со нивни советнички листи, но дефинитивно за одредени градови ќе имаме предизборна соработка или поддршка со реципроцитет на едните или другите кандидати, на едната или другата политичка партија. Начелно ова се разговара, а епилогот од разговорите ќе следи и ќе го објавиме официјално, посочи Димитриевски.

Прашан дали има прелиминарен договор со ВМРО-ДПМНЕ за негова поддршка во Општина Куманово, тој рече дека се водат интензивни разговори на таа тема и нагласи дека неговите очекувања се да се постигне таков договор.

Посочи дека разговорите не се водат само за поддршка во Општина Куманово, туку и за други општини ширум земјава, но, како што рече, ќе причека сето тоа да се официјализира.

Во врска со тоа дали разговорите се во насока на предизборно коалицирање во конкретни општини на територијата на државата и дали тоа ќе се однесува на заеднички кандидати за градоначалници и советнички листи, Димитриевски повтори дека до крајот на овој месец, ЗНАМ ќе ги соопшти имињата на своите кандидати, како и општините во кои предизборно ќе коалицира со владиниот партнер. Прашан дали тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да има свој кандидат во Општина Куманово, како и во Општина Центар, Димитриевски рече дека ЗНАМ има апсолутно право да промовира свои кандидати онаму каде што има постигнато најдобри резултати на претседателските и парламентарните избори.

– Ние имаме постапка за дефинирање на кандидати, но дефинитивно околу мене постои апсолутен консензус во партијата внатре и сите бројки се на таа страна, тоа веќе го објавивме. Ќе излезам со нова програма пред граѓаните во Куманово како кандидат на ЗНАМ, а верувам и поддржан од нашите коалициски партнери и ќе трчаме за нов мандат. Очекуваме и други општини каде што ќе имаме свои кандидати, верувам дека до крајот на месецот ќе ги соопштиме кои се тие општини и кои ќе бидат нашите кандидати … Разговараме за поголем број на општини на територијата на Македонија и не би сакал да шпекулирам во јавноста се додека разговорите не бидат завршени. Се работи за повеќе, не за една или две, туку за повеќе општини. Таму каде што сме постигнале најдобри резултати на претседателските и парламентарните избори, сметам дека можеме и имаме апсолутно право и поддршка од граѓаните да промовираме наш кандидат, а на крајот на граѓаните е да одлучат, рече Димитриевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје
Следна Статија За првпат, Иран лансираше ултратешка ракета „Саџил“ со среден дострел кон Израел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

На ДУИ полицијата и е виновна што Албанци го палеа македонското знаме

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме,…

November 29, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ бара Тошковски да поднесе оставка

Последниот случај со фемицид во Велесп покажа целосна неспособност на власта да обезбеди заштита на најважното –  човечкиот живот. За…

September 19, 2025
ПОЛИТИКА

Четири пратеници на Таравари остануваат со мнозинството?

Четири од петте пратеници на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари нема да преминат во опозиција. Тие би останале со…

May 15, 2025
ПОЛИТИКА

Ќоку: Коалицијата „Вреди“ продолжува заедно, ќе разговараме за детали за Локалните избори

Беким Ќоку од Коалиција „Вреди“ изјави дека вчерашната средба на лидерите била во пријателски и колективен дух. Тој потенцираше дека…

April 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?