Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски за фотографијата на Црвенковски: Секој има право да седи во кафеана со кого сака
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Димитриевски за фотографијата на Црвенковски: Секој има право да седи во кафеана со кого сака
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски за фотографијата на Црвенковски: Секој има право да седи во кафеана со кого сака

Објавено October 16, 2025 08:42
Сподели
Сподели

Секој има право со кого сака да седи во кафеана, вели лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, коментирајќи ја фотографијата која се појави во медиумите, а на која се прикажани поранешниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски и носителката на советничката листа од ЗНАМ за Охрид и кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков.

-Со Црвенковски сме добри пријатели. Тој е еден од основоположниците на СДСМ и човек кој го почитувам. Добар дел од луѓето во ЗНАМ се поранешни членови на СДСМ, разочарани од тоа што денес се случува во таа партија. Секој има право со кого сака да седи во кафеана, изјави Димитриевски за централниот дневник на телевизија „Сител“.

Тој притоа покажа фотографија од актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, снимена во времето кога бил советник на министерот за здравство Никола Тодоров во Владата на Никола Груевски.

-Жалам што СДСМ дојде до ова дереџе – човек со милион афери, со златна виза за Дубаи, со луксузирање на јахти, кој се продава за чесна душа, денес ја води таа партија. И уште прави алузии на зборовите на Црвенковски – ‘или си СДСМ или не си’. Можеби тој наскоро ќе си замине, но сите тие што денес ја водат партијата треба час поскоро да си одат. Не може лажен социјалдемократ како Филипче да ја води социјалдемократијата во Македонија, рече Димитриевски.

Лидерот на ЗНАМ потенцираше дека СДСМ за него е завршена приказна и дека ЗНАМ е автохтоно и автономно политичко движење.

Димитриевски, кој е актуелен градоначалник на Куманово и влегува во трката за нов мандат, очекува убедлива победа уште во првиот круг закажан за недела.

– Јас не сум градоначалник на партија, туку градоначалник на сите граѓани. Работам за доброто на сите нив. Очекувам убедлива победа уште во првиот круг, а доколку има втор круг – очекувам поддршка од сите гласачи, без разлика кого поддржале претходно, вклучувајќи ги и некои од политичките партии на Албанците, како партнерот во власта „Вреди“, бидејќи тие не ги носат гласовите во џеб, рече Димитриевски.

Димитриевски рече дека уште од првиот ден ќе работи на надминување на блокадите во ЈП „Чистота и зеленило“, за да се исплатат долговите што ги оставиле неговите претходници.

– Тие го задолжија Куманово во периодот од 2004 до 2012 година. Со вбризгување буџетски средства и со надминување на судските опструкции ќе го стабилизираме претпријатието и ќе го исчистиме градот, рече Димитриевски, додавајќи дека ќе продолжи реализацијата на 37 големи инфраструктурни проекти, меѓу кои и нова детска градинка, за која веќе се обезбедени средства и е завршена тендерската постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Масовен напад врз Украина, одекнуваат експлозии
Следна Статија На гробиштата во Бутел ќе се одржи погребот на Владимир Блажев – Панчо, членот на групата ДНК

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филипче: Не сме чуле никаде од Бугарија дека го негира нашиот идентитет

Не сме чуле никаде од Бугарија дека го негира нашиот идентитет. Владите на СДСМ не направија ништо што ја загрозува…

May 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Без кавги, алкохол, мрзеливост: Што треба а што не да се прави на Велики понеделник

Последната седмица пред Велигден (Пасха) е Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и значи: мака,…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Врвни експерти од Велика Британија ќе ни помагаат во реализација на проектите

Реализацијата на проектите ќе биде подржана од врвни експерти од Обединетото Кралство кои ќе осигураат квалитетната и навремена реализација на…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Внимателно ги следиме процедурите во Собранието во врска со изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет

Многу внимателно ги следиме процедурите во Собранието и изјавите во врска изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет, посочи…

March 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?