Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски: Македонскиот народ и историјата не се предмет на компромис
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Димитриевски: Македонскиот народ и историјата не се предмет на компромис
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски: Македонскиот народ и историјата не се предмет на компромис

Објавено March 13, 2026 16:59
Сподели
Сподели

Намалување на бројот на пратеници во Собранието од 120 на 90, јасна заштита на македонскиот идентитет и продолжување на европскиот пат без отстапки по клучните национални прашања, се дел од ставовите што ги
изнесе претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, осврнувајќи се на изборните реформи, односите со Бугарија и евроинтегративниот процес на државата, се вели во соопштението на ЗНАМ што МИА го пренесува интегрално.

Говорејќи за изборните реформи, Димитриевски посочи дека ЗНАМ предлага намалување на бројот на пратеници во парламентот, оценувајќи дека ваквата промена ќе придонесе за поефикасно функционирање на законодавниот дом, поголема одговорност на избраните претставници и рационализација на трошоците.

„Не постои рационална причина Македонија да има парламент со 120 пратеници кога и држави со слична големина имаат помал број. Намалувањето ќе значи појасна одговорност и поголема отчетност кон граѓаните“ – изјави Димитриевски.

Тој нагласи дека со ваквата реформа позицијата на пратеникот треба повторно да добие поголема тежина во политичкиот систем, а парламентот да ја врати својата улога како централна институција на демократијата.

Осврнувајќи се на односите со Бугарија, Димитриевски оцени дека одредени политики од Софија испраќаат загрижувачки сигнали и, како што рече, се во спротивност со европските вредности и принципи.

Според него, прашањата поврзани со идентитетот и правата на Македонците не треба да останат само билатерален проблем, туку треба да бидат разгледани и на европско ниво.

„Недозволиво е во 21 век да се оспоруваат идентитетски прашања и да се создаваат пречки за демократско организирање на луѓето кои се идентификуваат како Македонци“ – истакна Димитриевски.

Врзано за европската перспектива на државата, тој нагласи дека Македонија останува посветена на европскиот пат, но без компромиси кога станува збор за националниот идентитет и достоинството на државата.

„Македонскиот јазик, идентитет, писмо и култура се автентични и имаат свој историски континуитет. Ние сакаме да бидеме дел од Европа, но без да се откажеме од самите себе.”

Тој додаде дека паралелно со евроинтеграциите, државата мора да продолжи со зајакнување на институциите и економскиот развој, посочувајќи дека европските вредности треба да се градат дома преку силни институции,
економски напредок и почитување на националниот идентитет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тато ги го носам синот, чувај го: Погребан братот на Дарко Лазиќ
Следна Статија 119 години од раѓањето на Петре Прличко

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски за убиството на Росица: МВР поднело кривична пријава, Обвинителството е тоа кое не побарало притвор, а судот донел условна пресуда

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со убиството во Велес изјави дека МВР поднело кривична пријава за лицето…

September 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дајте ни време, ќе го решиме случајот, не може јавноста да го стигматизира детето, порача Јаневска за третоодделенецот од ОУ „Лазо Ангеловски“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска побара јавноста да им даде на институциите неколку дена за да го…

December 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Митева: Оперативниот план опфаќа и обуки за жени и млади до 29 години, во рок од 3 месеци со месечен надомест од 12.000 денари

Како што ветивме продолжуваме со серија прес-конференции коишто се посветени на Оперативниот план, затоа што цениме дека нашата држава не…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дожд и нестабилно време во деновите кои следуваат

За утре е најавено променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд,…

March 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?