Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски: Мириса на убедлива победа уште во првиот круг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитриевски: Мириса на убедлива победа уште во првиот круг
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Мириса на убедлива победа уште во првиот круг

Објавено October 2, 2025 08:42
Сподели
Сподели

На градскиот плоштад во Куманово, вчера Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, одржа конвенција на која ги промовираше кандидатот за градоначалник, Максим Димитриевски и листата со 31 кандидат за членови на Советот на Општина Куманово. Лидерот на ЗНАМ најави убедлива победа уште на 19 октомври, во првиот круг на локалните избори.

„Мириса на победа, и тоа убедлива победа уште во првиот круг. Видлива е енергијата што ја имаме, енергија која нè влече напред. Се гледа како младоста и искуството се здружуваат за да се оствари примарната цел – Куманово да продолжи да се менува и да стане уште подобро место за живеење. ЗНАМ го знае и веќе го прави тоа.“

Димитриевски пред граѓаните порача дека тој и неговиот тим во изминатите осум години покажале и докажале дека со чесност, искреност, посветеност, отчетност и постојана работа секогаш се стигнува до успешен резултат, потенцирајќи дека во овој период успешно се реализирани повеќе од 800 проекти.

„Пред некој ден на јавниот сервис беше објавена последната анкета за тоа како предизборно стојат работите во наше Куманово. Знаете како стојат? Бројките покажуваат убедливо водство и во трката за градоначалник и во изборната борба за советничките листи. На уште непочната кампања, граѓаните знаат кој ја заслужува нивната доверба и за кога треба да го дадат својот глас. Е тоа е успех, тоа е доказ дека ЗНАМ не е кампањска партија туку автентично движење! Од народот и за народот!“, рече Димитриевски.

На конвенцијата беа претставени и дел од планираните проекти за наредните четири години.

Димитриевски испрати порака до противкандидатот од СДСМ.

„Пред некој ден слушам еден од моите противкандидати вели дека ќе го ослободел Куманово. Од кого ќе го ослободиш? Па, ти и твоите со години го имавте фамилијарно заробено нашиот град. Мешетаревте, правевте разно-разни комбинаторики, ништо не работевте и го оставивте Куманово запустено. Ти беше дел од групата што го запусти Куманово и сега ќе си го ослободувал.“

Пред присутните на Градскиот плоштад во Куманово се обрати и носителката на советничката листа на Движењето ЗНАМ, Ивана Ѓорѓиевска.

„Заедно со Максим Димитриевски ќе работиме на засилено учество на младите и жените во јавниот живот. Тоа го покажуваме со нашата советничка листа. Нам не нѝ требаат квоти за да ја докажеме рамноправноста, ние веќе ја живееме. Половина од нашата листа се жени. Голем дел се млади луѓе со визија, со енергија, со идеи за модерно Куманово. Млади луѓе кои мора да научат дека политиката е одговорност, а локалната политика е образ, а не привилегија“.

Кандидатката за советничка, Мила Петрушевска испрати порака до младите во Куманово:

„Ветувам дека правата, потребите и интересите на младите луѓе ќе бидат достоинствено застапувани и претставени од моја страна во Советот на Општина Куманово, и како идна советничка ќе се залагам секогаш да има поддршка, простор и шанса за секој млад човек.“

Максим Димитриевски е во трка за трет мандат за градоначалник на Куманово. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија има свој кандидат за градоначалник и во општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, како и советнички листи во 53 општини и Град Скопје

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп бара универзитетите да го ограничат запишувањето на странски студенти ако сакаат федерални пари
Следна Статија Орце Ѓорѓиевски најави сериозна поддршка за РК Вардар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува

Али Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува, но ги загрижува и нашите меѓународни партнери…

November 12, 2024
ПОЛИТИКА

Митевски: Аеродром е наш дом, тука ја градиме нашата иднина

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром, Дејан Митески објави видео како почеток на изборната кампања. „Аеродром е наш…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ за електронскиот попис: Опасни обиди за иднината на државата

Уште во 2022 година, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, јавно одби да ги прифати резултатите од пописот на населението, алудирајќи…

June 29, 2025
ПОЛИТИКА

Димитровски: За 72 часа ќе се исчистат дивите депонии во Скопје, ќе се воспостави систем кој ќе функционира долгорочно

Носителот на листата за Град Скопје, Даме Димитровски, во дебата на Канал 5 посочи дека граѓаните на главниот град се…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?