Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски: Резолуцијата на Филипче можеби и буквално е пишувана во Софија, нека повели на ТВ дуел да ги соочиме аргументите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитриевски: Резолуцијата на Филипче можеби и буквално е пишувана во Софија, нека повели на ТВ дуел да ги соочиме аргументите
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Резолуцијата на Филипче можеби и буквално е пишувана во Софија, нека повели на ТВ дуел да ги соочиме аргументите

Објавено October 3, 2025 08:53
Сподели
Сподели

Лидерот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски го повика претседателот на СДСМ Венко Филипче на дуел, каде ќе ги соочат аргументите за сите прашања јавно, наместо СДСМ да се занимава со ЗНАМ и да се служи со шпекулации и невистини.

Го повика да зборуваат и за повиците од Филипче до членството на ЗНАМ „да се вратат назад дома“.

– Да биде сарказмот поголем, не само што ги повика јавно, туку им се јавуваат и телефонски и им велат – вратете се назад простено ви е сè. Барем да речат – се извинуваме погрешивме, повелете вратете се назад. Тоа е проблемот и кај претходното, и кај ова, а веројатно и кај идното раководство на СДСМ, затоа што повеќе од сигурно ќе има ново раководство. Тие ќе останат генерали без војска и се занимаваат со нас, наместо со својот главен опонент – ВМРО-ДПМНЕ. Во ред, ако сакате може да се соочиме, еве јас го повикувам Венко Филипче и да ги соочиме аргументите, а не да доаѓа како денеска во Куманово и за мене да се искажуваат лаги и инсинуации – порача Димитриевски во гостување на Тв24.

Тој рече и дека за него СДСМ е одамна завршена приказна.

– ЗНАМ е автентична партија, во која, точно е дека има поранешни членови социјалдемократи, но голем дел се луѓе кои првпат влегуваат во политика, меѓу кои и видни јавни личности и поранешни спортисти – репрезентативци – рече Димитриевски.

Зборувајќи за блокадата на Македонија на патот кон ЕУ и за односите со источниот сосед, тој посочи дека Македонија треба сама да се потпре на себе, да земе успешни примери како Швајцарија и да воспостави систем со кој ќе чекори напред. Затоа што, вели тој, малку е лицемерно Украина и Молдавија да добиваат шанса за преговори и идно членство со кршење на принципот на консензуалност, а Македонија да се врти „како рингишпил на круже тек“.

– Ние сме Македонци. Како ЗНАМ подготвивме порано еден документ со кој повикувавме на национално и државно обединување и заеднички став по ова прашање. Сега, гледаме дека и Филипче нуди таков документ кој, според мене, е кукавичко јајце, солидно спакувано, можеби и пишувано во Софија. Нивниот документ во голем дел ја отсликува резолуцијата на бугарскиот парламент – рече тој.

Димитириевски ги отфрли инсинуациите дека е националист и албанофоб, посочувајќи низ конкретни примери во Куманово колку проекти реализирал во средини кои се населени исклучиво со Албанци или во мешани етнички средини, иако на минатите избори токму таму не освојувал ниту еден глас.

– На овие, избори ЗНАМ ќе го потврди својот рејтинг, не е точно дека се намалува, и ќе се покаже дека сме стабилен политички фактор и партнер – рече Димитриевски.

По изборите, најави дека очекува повик од премиерот Христијан Мицкоски, а веќе има првични најави, за тоа, да се седне на разговори за можна реконструкција на Владата.

– Никој не е вечен или венчан за позицијата, но имаме причина за задоволство од нашето работење во Владата и реформските чекори што ги презедовме досега – потенцираше лидерот на ЗНАМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Разрешен судијата Енвер Беџети, кој со Артан Груби заврши на „црната листа“ на САД
Следна Статија Филипче: Јавното здравство е во колапс, приватните болници му диктираат на министерот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Трајчулески: ДУИ и Груевски се обидуваат да предизвикаат политичка криза пред локалните избори

Митко Трајчулески, пратеникот од СДСМ, во гостувањето на Само Вистина на Канал 5 изјави дека ДУИ е свесен дека ќе…

March 12, 2025
ПОЛИТИКА

Ковачки со повик: Во тек е генерален реизбор на претседатели, вратите се отворени за секој кој има визија и храброст

ВМРО-ДПМНЕ е жива структура, која константно расте, се надоградува и развива. ВМРО-ДПМНЕ е победничка партија затоа што е отворена за…

February 14, 2026
ПОЛИТИКА

Нико Чонески: Бројките се немилосрдни за Томе и неговото владеење во Крушево, за два мандати реализирал 3 пати помалку од неговите претходници (ВИДЕО)

Томе Христоски како градоначалник на Крушево реализирал капитални инвестиции во вредност од 3 милиони евра за 8 годишен мандат, а…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Предвремени избори по локалните нема да има, ДУИ џабе се надеваат

Премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со медиумите истакна дека коалицијата што ја предводи ќе има убедлива победа на локалните избори,…

September 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?