Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ како најбрзорастечка партија во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ како најбрзорастечка партија во Македонија
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ како најбрзорастечка партија во Македонија

Објавено May 8, 2025 14:32
Сподели
Сподели

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска одржа прес-конференција.

Од моментот на влез во политиката до крај ќе работам врз база на основни лични принципи на работа, засновани на начелата за чесност отчетност и одговорност. Во континуитет со години, а интензивно од локалните избори до денеска од страна на поединци, менаџирани и мотивирани од луѓе заглавени до гуша во криминал, поранешни премиери, министри и актуелни самопрогласени лидери на опозицијата, јас и тимот околу мене сме напаѓани со неосновани клевети и лаги за наводни злоупотреби. Целта на оваа кампања на СДСМ не сум лично јас, туку преку мене политичкиот субјект кој е најбрзорастечка партија во Македонија, а тоа е Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
За да биде иронијата поголема тоа го прави СДСМ – партијата на неспособноста, криминалот и националното предавство“, рече Димитриевски.

СДСМ, според него, нема кредибилитет да зборува за правда.

Паниката, додава тој, го прави своето.

„Еве ја вистината: Земјиштето за кое што ме обвинуваат е сопственост на моето семејство кое е наследство од моите предци со турска тапија. Тогашната парцела изнесувала 18 илјади м2, државата по пат на денационализација на членовите од моето семејство им вратила само 1200 м2 земјиште и 4800 м2 коишто се платени со државни обврзници по цена од 800 ден/м2, што значи дека мојата фамилија загубила 12000м2 сопствен имот. Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година, во времето на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски-ЦИЦ од СДСМ. Со новиот ДУП постоечката парцела и габарити не се менуваат. Предметното земјиште за кое сега неосновано ме обвинува СДСМ е со вкупна површина од 1200 м2, тоа било во сопственост на членови на моето семејство и изнесува само 2,8 проценти од вкупната површина на парцелата во ДУП-от“.

Димитриевски појасни дека инвеститорот ЛИДЛ МК направил преддоговор за откуп на имотот од таа парцела во ДУП -от на 23.02.2024 година и договор за купопродажба на земјиште од 1200м2 на 26.01.2024 година. Врз база на тој преддоговор инвеститорот ЛИДЛ МК на 27.02.2024 година покренал иницијатива за усогласување на номенклатурата на постоечкиот ДУП согласно со новиот закон за урбанистичко планирање од 2020 година донесен од СДСМ.

Советот на општина Куманово донесе Одлука за усвојување на Нацрт ДУП-от и постапката е во тек, посочи Димитриевски.

„СДСМ веќе не е партија, тоа е остаток на мафија на кои им се тресе фотељата. Денеска сакам да им порачам, колку повеќе лажете, толку посилен ќе биде нашиот одговор. Времето на Заев, Спасовски и Филипче е завршено. Доаѓа време на одговорност за сите што ја злоупотребија државата“.

Во однос на ДУИ, тој потенцира: „Ставот на ЗНАМ е конзистентен. Нема соработка со нереформиран ДУИ. Јас не им должам ништо, ниту на ДУИ, ниту на СДСМ, ниту пак на нивните тајкуни. Токму затоа им пречам, затоа што не можат да ме купат, уценат, ниту пак да ме заплашат“.

Димитриевски ги повика институциите да го испитаат овој предмет. „Ги повикувам сите надлжени институции да го испитаат овој предмет до крај. Да ја испитаат целата фактичка состојба.
Доколку се утврди каква било кривична одговорност, да поднесат кривични пријави против сите засегнати лица“, рече претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“, по десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“
Следна Статија Директор на „Колекторски систем“ во Охрид го оштетил претпријатието за скоро 3 милиони денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Тачи до ДУИ: Ако продолжите да манипулирате, ќе кажам за сѐ што сте го молеле Мицкоски

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, синоќа на гостување во ТВ21, рече дека се покаја што влегол во Европскиот фронт. Тој…

September 23, 2025
ПОЛИТИКА

ТВ 24: Трајановски во Аеродром, Ацевски во Ѓорче Петров, Бузлевски јуниор во Ресен

Александар Трајановски поранешниот директор на ургентниот центар и актуелен член на ИО на СДСМ ќе биде кандидат на СДСМ за…

June 20, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Почнуваме процес на идентификување нови партнери за соработка за локалните избори

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница треба да го овласти претседателот на партијата Венко Филипче да бара партнери за…

April 29, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференцијата на пратеничката група на СДСМ во Собранието, каде во тек е седница…

July 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?