Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија

Објавено May 7, 2025 17:23
Сподели
Сподели

Македонија се наоѓа на пресвртница – соочена со предизвици дома, но и со перспектива за членство во ЕУ. Реформската агенда 2024-2027 година, којашто е поддржана од Европската комисија, е јасен пат за трансформација на економијата и општеството кој содржи конкретни реформски критериуми и резултати. Реформи коишто ќе ги спроведуваме не само заради членство во ЕУ, туку пред се заради сопствените граѓани – за подобар животен стандард, поквалитетни услуги и стабилна економска иднина. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која учествуваше на панел дискусија на тема „Каде сме и каде сакаме да бидеме? Предизвиците дома и во Европа – пат до успешна иднина“ на 28. Евроазиски економски самит во Истанбул.

„Последните неколку години беа обележани со преклопувачки кризи – пандемијата, енергетската криза, ценовни шокови – кои бараа силна фискална реакција. Владата презеде мерки за заштита на граѓаните и економијата, што доведе до зголемени буџетски трошоци. Сега, кога најтешкото е зад нас, приоритет ни е фискалната консолидација, односно постепено намалување на дефицитот и задолженоста, за да се осигура долгорочна одржливост. Целта е да не дозволиме долговите да ја загрозат стабилноста на економијата, ниту пак идните генерации да се соочат со несразмерен товар. Притоа, важно е фискалната консолидација да биде спроведена на паметен начин – со контрола главно на тековните трошења, но не и на сметка на капиталните инвестиции кои поттикнуваат раст“, рече Димитриеска-Кочоска.

Истакнувајќи дека меѓународните партнери ги препознаваат напорите коишто ги вложува Владата министерката наведе дека Меѓународниот монетарен фонд во својата последна мисија ја препозна желбата за борба на намалување на неформалната економија. Исто така, додаде дека веќе се гледаат првични ефекти – стапките на наплата на одредени даноци постепено растат оваа година, а во делот на царинските приходи, рече дека фокусот е на сузбивање на шверцот и зајакнување на царинската контрола, особено на акцизните стоки.

На панел дискусијата потенцира дека стратешка цел е полноправно членство во ЕУ и дека земјата се стреми кон постигнување на европски стандарди. „Министерството за финансии, заедно со останатите ресори во Владата, е целосно посветено на унапредување на стандардите согласно ЕУ критериумите и затворање на поглавјата во преговарачкиот процес со успех. Сите реформи се во срцето на пристапните критериуми. Одиме по правиот пат, но треба да одиме побрзо и поодлучно. Добрата вест е што ниту во една сфера не сме „заглавени“ – насекаде имаме план и активности кои се во тек, за адресирање на препораките“, посочи министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа порача дека визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија, унапредени јавни услуги и повисок стандард за сите граѓани и дека очекува тоа да се достигне побрзо со посветеност, компетентност и единство околу стратешките цели.

Министерката за финансии беше дел и од Свеченото отворање на Самитот, каде што порача дека со заеднички идеи, иницијативи и соработка може да се надминат предизвиците пред кои сме исправени. При тоа потенцира дека меѓусебната поддршка е многу значајна и дека Македонија и Турција негуваат пријателски односи.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, претходно во Анкара оствари средби со министрите за трезор и финансии и за трговија, Мехмет Шимшек и Омер Болат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“
Следна Статија Втор ден блокиран регионалниот пат Прилеп-Крушево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Азески се сретна со претставници на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“

Претседателот Стопанската комора, Бранко Азески имаше средба со генералниот директор на компанијата „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП), Иван Костич…

April 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Пренџов: Буџетската расправа треба да е дискусија за бројки и проекти, а не обид за подгревање на меѓуетнички тензии

Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната расправа одржана во рамките на Комисијата за финансирање и Буџет во…

November 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Градежништвото и потрошувачката и натаму генератори на растот

Бруто-домашниот производ порасна за 3,1 отсто во првото тримесечје од 2026 година во однос на истиот период минатата година, соопшти…

June 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти

Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра), информираа за…

November 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?