Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Дополнетиот предлог буџет е економска порака за стабилност, доверба и развој
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Дополнетиот предлог буџет е економска порака за стабилност, доверба и развој
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Дополнетиот предлог буџет е економска порака за стабилност, доверба и развој

Објавено December 9, 2025 12:40
Сподели
Сподели

Во Собранието денеска почна расправа по Дополнетиот предлог буџет, со кој, според ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, се продолжува со макроекономската стабилност, фискалната консолидација, се обезбедува економски раст, како и средства за сервисирање на сите обврски вкучително и исплаќање на еврообврзницата.

Растот на БДП во 2026 година е проектиран на 3,8 проценти, а инфлацијата на 2,5 проценти. Вкупните приходи треба да изнесуваат 374,9 милијарди денари, расходите 414,2 милијарди денари, а буџетски дефицит 39,2 милијарди денари или 3,5 проценти од планираниот БДП.

Димитриеска Кочоска пред пратениците рече дека очекува аргументирана и конструктивна расправа насочена кон најдоброто решение.

Според неа, проекциите за 2026 година укажуваат на континуитет на економската стабилност и раст, заснован на одговорни фискални политики, инвестиции во инфраструктура и човечки капитал, како и поттикнување на продуктивноста и конкурентноста на домашната економија.

– Буџетот е изготвен врз основа на постигнатите економски резултати и очекувањата за продолжување на позитивните трендови. Водевме сметка за реалноста во проекциите, економичноста и ефективноста во планирањето, со цел да обезбедиме стабилен развој, редовно функционирање на институциите и навремена исплата на сите обврски. Овој Буџет не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност, доверба и развој. Јасна потврда за одговорното управување со јавните финансии кое го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет, рече министерката за финансии.

Во време на глобални неизвесности, посочи министеркатам остануваме на патот на фискална стабилност и предвидливост. Покажавме дека може рационално да се управува со јавните финансии, а истовремено да се обезбеди сигурност за граѓаните, компаниите и институциите. Буџетот за 2026 година е потврда дека економските политики ги водиме со внимание, одговорност и стратегија – без импровизации, без популизам и без краткорочни калкулации. Со овој документ продолжуваме да ја зајакнуваме довербата во институциите, да го поддржуваме приватниот сектор како двигател на растот и да градиме услови за уште посилна динамика на инвестициите – домашни и странски, рече Димитриеска Кочоска.

Во тек на расправата за буџетот во матичната Комисија за финансирање и буџет од околу 200 амандмани беа прифатени шест. Со нив се обезбедуваат средства за: кадровско зајакнување на Оперативно-техничката агенција, реконструкција и проширување на натпатникот на патниот правец Штип–Чардаклија, отворање три психосоцијални центри за млади, опремување на службите за итна помош со комплети за прва помош и кислородни боци и реконструкција и внатрешно уредување на спортската сала во ОУ „Гоце Делчев“ – Гостивар.

На почетокот на седницата на Собранието, парламентарното мнозинство прифати по скратена постапка да се донесат Предлог на закон за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, на Законот за вработените во јавниот сектор и на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, сите по скратена постапка.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО ДПМНЕ: СДСМ се однесува како куче што лае, ама не каса
Следна Статија Сончевото време ќе продолжи и утре

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ОПЕК со симболично зголемување на производството, по излегувањето на Обединети Арапски Емирати

Главните земји членки на ОПЕК и ОПЕК+ се договорија за скромно зголемување на квотите за производство на нафта за јуни,…

May 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Петрова: Граѓаните имаат се уште време да приложат докази за платен данок на доход во странство

Директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова вели дека на граѓаните кои платиле данок на доход во странство, а…

January 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави осум нови инвестици

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски вчера на најави нови 8 инвестици, а денеска одговарајќи на новинарско прашање појасни дека…

August 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски верува дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат најповолни услови за извоз во САД

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата изрази уверување дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат…

July 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?