Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Издавањето еврообврзница внимателно се планира, постапката е започната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Издавањето еврообврзница внимателно се планира, постапката е започната
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Издавањето еврообврзница внимателно се планира, постапката е започната

Објавено September 25, 2025 17:56
Сподели
Сподели

Министерството за финансии и Владата нема да отстапат од предвидените проекции во Фискалната стратегија и Стратегијата за управување со државниот долг. Најавеното задолжување на интернационалниот пазар преку емисија на нова еврообврзница е внимателно испланирано и е во рамките на поставените цели за одржување на стабилноста на јавниот долг, навремено подмирување на обврските и обезбедување на финансиски средства за буџетски потреби, изјави министерката за финансии Димитриеска-Кочоска.

Таа, во гостување на ТВ 21, нагласи дека нивната цел е да настапат на светските пазари и да ја издадат еврообврзницата во најсоодветен момент.

“Во таа насока, за време на престојот во САД, на есенските средби на Светска банка и ММФ, имам договорено средби со потенцијални инвеститори”, рече таа. “Можам да истакнам дека ова е една од приоритетните активности на Министерството за финансии во моментот”, подвлече министерката за финансии.

Димитриеска-Кочоска додаде дека процедурата за издавање на еврообврзницата е веќе иницирана и дека планот е да се појават на меѓународниот пазар во јануари и да се емитува еврообврзницата. “Планирано е да се обезбедат 950 милиони евра преку издавање нова еврообврзница. Од тоа 700 милиони евра ќе бидат наменети за рефинансирање на Еврооврзницата издадена во 2020 година, додека преостанатите 250 милиони евра ќе бидат искористени за буџетско финансирање, како и секоја година. Односно, планирано е буџетскиот дефицит да се финансира делумно преку домашниот пазар, а делумно преку надворешно финансирање, односно со издавање еврообврзница”, објасни министерката.

Осврнувајќи се на планираните проекции на нивото на јавниот долг согласно Стратегијата, таа посочи дека Владата нема намера да ги промени плановите предвидени со Фискалната стратегија, но дека секако треба да се земе предвид како ќе се одвиваат работите во иднина. “Заклучно со јуни 2025 година јавниот долг е на ниво од 58,5% од БДП, најновиот податок кој го имаме во Министерството за финансии заклучно со јули покажува ниво од 58,7% од БДП. Доколку продолжиме со ваквата динамика и доколку економијата се одвива според очекувањата, можно е во 2025 година да не го достигнеме проектираниот јавен долг од 62,1%, туку тој да биде и понизок”, заклучи Димитриеска-Кочоска.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Србија граѓаните плаќаат поскапа струја од 13 држави во Европа
Следна Статија Саркози по пресудата: Ќе спијам во затвор со крената глава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот

Народната банка утре ќе ја објави бројката за инвестициите во 2024 година со исклучителна, огромна, историска реализација од мај натаму.…

February 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ако добие лиценца за трет мобилен оператор 4iG најавува услуги до крајот на 2026 година

Унгарски 4iG најавува дека доколку добие лиценца за фреквенција за трет мобилен оператор ќе почне со услуги на македонскиот пазар…

May 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Надворешниот долг на Македонија во третиот квартал е 4, 4 милијарди евра

Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. На крајот на…

December 30, 2024
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Без работници нема ни држава ни власт! Не ви се плашиме!

Протестот на работниците денеска започна од Работничкиот дом, ќе помине покрај Собранието и Стопанската комора, за да заврши пред Владата.…

March 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?