Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Новата 2026 година ја пречекуваме со стабилизирани јавни финансии и поголема економска сигурност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Новата 2026 година ја пречекуваме со стабилизирани јавни финансии и поголема економска сигурност
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Новата 2026 година ја пречекуваме со стабилизирани јавни финансии и поголема економска сигурност

Објавено December 31, 2025 15:01
Сподели
Сподели

Годината што ја оставаме зад нас беше година на сериозна работа, внимателни одлуки и јасна цел – стабилизирање на јавните финансии и заштита на економската сигурност на државата и на граѓаните. Во 2026 година продолжуваме со одговорно управување со јавните финансии, поддршка на економскиот раст и создавање услови за нови инвестиции, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето новогодишно обраќање.

-На крајот од оваа година сакам искрено да ви се заблагодарам за трпението, довербата и одговорноста што сите заедно ја покажавме во период исполнет со предизвици. Со одговорно управување, дисциплинирана фискална политика и контрола на јавната потрошувачка, успеавме да ги стабилизираме јавните финансии. Го задржавме дефицитот под контрола, ја зачувавме ликвидноста на буџетот и ја зајакнавме довербата во финансискиот систем. Паралелно, инвестиравме одговорно – во здравството, образованието, инфраструктурата и капитални проекти што ја зајакнуваат економијата и го штитат животниот стандард на граѓаните, посочи Димитриеска-Кочоска во обраќањето.

Овие резултати, како што нагласи, не се случајни. Тие се плод на јасна визија, на тешки, но неопходни одлуки и на заедничка посветеност кон стабилноста и одржливоста.

-Годината што доаѓа ја пречекуваме со поголема сигурност. Следната година ќе биде поодржлива и поостабилна – со продолжување на фискалната консолидација, поддршка на економскиот раст и создавање услови за нови инвестиции. Нашата цел е стабилни јавни финансии што ќе бидат основа за подобар животен стандард и предвидлива иднина.
Верувам дека со одговорност, солидарност и заедничка работа, ќе продолжиме да градиме економија што е силна, отпорна и во служба на граѓаните, вети Димитриеска-Кочоска.

Денес, додаде, можам уверено да кажам Македонија влегува во новата година постабилна, поорганизирана и со значително посилни темели отколку на почетокот на оваа година.

-Финансискиот сектор останува ликвиден и стабилен, а довербата на меѓународните партнери ја потврдува исправноста на насоката по која се движиме. Во годината што доаѓа ќе продолжиме со иста решителност– со одговорно управување со јавните финансии, поддршка на економскиот раст и создавање услови за инвестиции и развој, истакна Димитриеска-Кочоска.

Во обраќањето на граѓаните, во овој период кој е време за благодарност, за надеж и за нови почетоци, им посака годината што доаѓа да им донесе здравје, мир, лични успеси и дом исполнет со радост.

-Јас ќе продолжам да работам посветено, одговорно и со целосна посветеност кон нашата држава – за стабилна Македонија, за сигурна иднина и за подобар живот за сите. Среќна Нова година. Нека 2026-та биде година на напредок и спокој за секој дом!, порача Димитриеска-Кочоска во своето новогодишно обраќање

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стапи во сила обвинението против бизнисменот Крмзов и повеќе физички и правни лица за даночна измама
Следна Статија Апел за празниците: Брзата помош да се повикува само за сериозни случаи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Кошта и Кос го подржаа потпишувањето на Договорот за Коридорот 8 помеѓу Македонија и Бугарија

Европската Унија го поздрави потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу…

November 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски од Брисел: Ќе потпишеме договор за изградба на брза пруга долж целиот Коридор 10

Македонија со Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпише декларација за изградба на брза пруга долж Коридорот 10, а дополнително…

December 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Делумен прекин на железничкиот сообраќај, во бојкот дел од машинскиот и извршниот персонал

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава се во делумен прекин поради бојкот на поголемиот дел од машинскиот и извршниот…

January 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Царинска управа: Во февруари наплатени приходи од 10,8 милијарди денари, раст од 7,7 проценти во однос на лани

За 778,3 милиони денари или 7,7% е зголемена наплатата на приходи во февруари, период во кој Царинската управа наплати вкупно…

March 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?