Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Директорот на „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми си поднел оставка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Директорот на „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми си поднел оставка
ХРОНИКА

Директорот на „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми си поднел оставка

Објавено October 29, 2025 13:35
Сподели
Сподели

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје Сабахадин Рустеми си поднел оставка од функцијата поради морални причини.

Ова го соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ, во изјава за медиумите, по распитит во Кривичниот суд, кој на Рустеми и на раководителот на сектор за отпад Аки Саити, им изрече 30-дневен притвор поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.

Алиспахиќ, вели дека оставката Рустеми не ја дава зошто се чувствува одговорен за ситуацијата со сметот во Скопје, туку да не влијае врз истрагата.

– Неговата оставка е по советување и координација со нас како бранители. Тоа е чин што ќе овозможи непречено водење на истрагат се со цел да докажеме дека истиот нема никаква поврзаност, а во насока дека ниту може да влијае, ниту влијаел и ниту ќе попречи во било какво водење на истрагата, изјави синоќа адвокатот Алиспахиќ.

Алиспахиќ, исто така, нагласи дека имаат голем број на докази со кои, како што нагласи ќе докажат дека Рустеми преземал дејствија за обезбедување потребна механизација, барање поголеми ресурси како и вработување, но не му било одобрувано од управниот одбор.

Директорот Рустеми беше поставен на функција од градоначалничката Арсовска на почетокот на годинава.

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, осомничените постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на обврските од Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад, што резултирало со создавање мали депонии на јавни и сообраќајни површини во Скопје.

Вонредните инспекциски надзори и експертското мислење од Институтот за јавно здравје потврдиле дека ваквото управување со отпадот предизвикало оштетување на почвата, воздухот и водата, со потенцијална опасност по здравјето на граѓаните. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини
Следна Статија Андоновски: Дигитализацијата е новата енергија на управувањето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ако може секој македонски граѓанин да плаќа патарина, мора да плаќа и вработен во МВР, реагира Тошковски

Ја покажувал легитимацијата и не плаќал патарина. 45 годишен полициски началник од Кочани доби кривична пријава за злоупотреба на службената…

November 6, 2024
ХРОНИКА

Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, велат од полицијата

Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, потврдија денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. Оттаму рекоа…

February 2, 2025
ХРОНИКА

Маж-монструм: Ја принудувал сопругата на проституција

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот…

February 17, 2025
ХРОНИКА

Полицијата во нова акција: Уапсени се доктори од Дерматологија и од ГОБ „8 Септември“

Полицијата, поточно оделот за организиран криминал при БЈБ во акција пладнево за истрага за нелегални медицински третмани и нерегистрирани препарати.…

April 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?