Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Директорот на ФБИ „го батали“ Маск и им порача на вработените да го игнорираат неговото барање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Директорот на ФБИ „го батали“ Маск и им порача на вработените да го игнорираат неговото барање
СВЕТ

Директорот на ФБИ „го батали“ Маск и им порача на вработените да го игнорираат неговото барање

Објавено February 23, 2025 20:31
Сподели
Сподели

Илон Маск, шефот на Одделот за владина ефикасност (DOGE) на администрацијата на Доналд Трамп, вчера се закани дека ќе го отпушти секој федерален работник кој нема да објасни каква работа спровел во текот на претходната недела.

„Сите федерални вработени наскоро ќе добијат е-пошта со барање да објаснат што направиле минатата недела. Секое неодговарање ќе се смета за оставка“, објави Маск на „X“.

Од саботата вечерта, мејловите се испратени до вработените во федералните агенции, вклучувајќи го Бирото за финансиска заштита на потрошувачите, Националната управа за океани и атмосфера, Центрите за контрола и превенција на болести и други. Од вработените се бара да дадат одговори во пет точки, во кои се сумирани „што постигнале на работа минатата недела“.

Крајниот рок за одговор е до понеделник до 23:59 часот.

Како што пренесува „Гардијан“, новиот шеф на ФБИ, Каш Пател, им рекол на своите вработени дека можат слободно да го игнорираат барањето на Маск. Разузнавачката агенција побарала дополнителни насоки од Министерството за правда.

„Персоналот на ФБИ можеби добил е-пошта од Канцеларијата за управување со персоналот со барање информации. ФБИ е одговорен за преглед на сите наши работни процеси и ќе врши анализи во согласност со процедурите на ФБИ. Кога и доколку се потребни дополнителни информации, ќе ги координираме одговорите. Ве молиме засега не одговарајте на мејлот“, се вели во пораката на Пател.

Нејасно е каква правна основа има Маск да ги отпушти федералните работници доколку тие не одговорат на неговото барање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО)Карамбол во Чаир – се судрија четири возила
Следна Статија Вака се тепа на фудбал во Косово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Големо повлекување на Кока-Кола од пазари во Европа поради високи нивоа на хлорат

Европската филијала за флаширање на гигантскиот производител Кока-Кола соопшти дека наредила големо повлекување на Кока-Кола, Спрајт, Фанта и други пијалоци,…

January 27, 2025
СВЕТ

Бомбашки напад во Истанбул, има повредени

Седум повредени лица, од кои три тешко е исходот од експлозиите кои во еден центар за забава во турскиот град…

May 27, 2025
СВЕТ

Во Германија на автопат возела во спротивна насока: Две починати лица и три деца во критична состојба

Две лица загинаа, а неколку други се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопат во Германија предизвикана од жена што…

July 19, 2026
СВЕТ

Ројтерс: Пропадна состанокот Трамп – Путин во Будимпешта

Според сите извештаи, најавениот состанок Трамп-Путин, кој требаше да се одржи во Будимпешта следната недела, пропадна. Барем кога станува збор…

October 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?