Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Директорот на Царина: Борбата со корупцијата во фокус, годинава преку засилени контроли спречен криминал со употребувани возила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Директорот на Царина: Борбата со корупцијата во фокус, годинава преку засилени контроли спречен криминал со употребувани возила
МАКЕДОНИЈА

Директорот на Царина: Борбата со корупцијата во фокус, годинава преку засилени контроли спречен криминал со употребувани возила

Објавено September 27, 2025 09:59
Сподели
Сподели

Делуваме системски, преку зголемена соработка со останатите институции сè со цел спречување на организираниот криминал и корупцијата во сите институции кои учествуваат во царинските постапки. Годинава преку Одделението за истраги, во рамки на Секторот за контрола и истраги, поднесени се 67 кривични пријави против 38 правни и 148 физички лица за сторени кривични дела со 181 возила каде директната штета врз Буџетот изнесува 16,5 милиони денари. Донесени се 11 решенија за отказ на царински службеници. Зголемените контроли, се еден од клучните фактори за раст на наплатата на приходите од 65,5 милиони евра заклучно со август годинава. Ова беа главните поенти на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, во синоќешната емисија „Ставот на регионот“ на Newsnax Balkans каде се осврна на конкретните резултати постигнати во изминатите месеци, со посебен фокус на системските мерки за борбата со корупцијата, како една од најголемите закани за безбедноста.

Николовски притоа потенцира дека покрај зголемените контроли во изминатиот период во рамки на Царинската управа се работеше на менување на свеста на царинските службеници сè со цел поголема ефикасност во спречување на криминалот и корупцијата. Доказ за преземените чекори во сузбивање на корупцијата е и последниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата, во кој Царинската управа е на високото петто место од вкупно 72 институции во спроведување на политики за интегритет. Покрај веќе донесените 11 отказни решенија, од кои две се со судска одлука, директорот вели дека од лани се спроведени вкупно 76 дисциплински постапки. Нагласи дека е потребна силна волја и нови кадри кои ќе учат од најдобрите во Царинската управа, и оти ова се начините за ефикасна борба со корупцијата.

За „Ставот на регионот“ Николовски порачува дека контролите на граничните премини се зајакнати и оти преку подобрена анализа на ризик, целта е што помалку контроли, со цел непречен проток на патници и стока при истовремен поголем успех во детекција и откривање на секој обид за криминал.

Во првата половина од годинава, како резултат на вршење селективни контроли базирани на анализа на ризик и проценка на ризик во патничкиот промет,  бројот на откриени неправилности е зголемен за 194 проценти во споредба со истиот период 2024 година.

Во однос на ефектите од воспоставениот концепт на едно застанување на граничните премини со Србија и Косово, директорот вели дека за разлика од порано кога граѓаните на едно место морале да застанат два пати, сега застануваат еднаш при што се врши една проверка. Системот веќе ги дава ефектите, преку забрзан проток на патници, како и ефикасна контрола и заедничко делување во спречување на секој обид за шверц.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Околу 2,3 милиони луѓе останаа без електрична енергија во југоисточно Мексико
Следна Статија Ѓорѓиевски: Град Скопје ќе ги ослободи младите од комуналии за градење куќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Повеќе умираат, отколку што се раѓаат: Негативен природниот прираст во 66 општини

Природниот прираст во првиот квартал годинава е негативен и изнесува – 1.962, што значи дека за толку лица е помал…

May 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Бугарија прати авион со кој во бугарските болници ќе се превезат петмина тешко повредени

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Македонија кој во бугарските болници…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Паричката во домот на семејството Мицкоски се падна кај синот Антониј

Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави дека паричката за овој Бадник се паднала кај синот Антониј. Со искрена…

January 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одлуките на Уставниот суд не се коментираат, ако има одлука ќе ги вратиме 50 милиони евра од солидарен данок, вели Мицкоски

Одлуките на Уставниот суд не се коментираат, туку се спроведуваат и ако Судот донесе одлука да се вратат 50-те милиони…

January 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?