Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Директор и вработени во „Комуналец“ ќе одговараат за злоупотреба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Директор и вработени во „Комуналец“ ќе одговараат за злоупотреба
ХРОНИКА

Директор и вработени во „Комуналец“ ќе одговараат за злоупотреба

Објавено February 25, 2025 18:20
Сподели
Сподели

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против З.Г.(56), Б.Г.(60), Р.Ф.(56) и Л.М.Н.(46), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување’’ и „соизвршителство’’.

Второпријавениот Б.Г., вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во Струмица и претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, заедно со трето и четвртопријавените, вработени во истото претпријатие и членови на комисијата, во текот на 2021 година спровеле постапка за јавна набавка на стоки – полимер за потребите на пречистителна станица за отпадни води.

Од четири пријавени економски оператори, понудата на еден економски оператор од Скопје била со невообичаени ниски цени за одредени стоки, за што не побарале писмено објаснување, предвидено со Законот за јавни набавки и дале предлог да се одбере понудата од тој оператор.

Првопријавениот З.Г. – директор на претпријатието, бил должен да изврши увид дека постапката не била спроведена во согласност со Законот за јавни набавки, но не го сторил тоа и донел одлука за избор на најповолен понудувач, склучиле договор и на економскиот оператор од Скопје му биле исплатени 1.241.699 денари за набавка на стоки за кои што во понудата доставил значително висока цена, додека стоките за кои понудил ниска цена не биле набавени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски
Следна Статија Пронајдено 13-годишното девојче кое беше пријавено за исчезнато

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тројца повредени во верижниот судар синоќа на Скопската обиколница кај Смилковското езеро

Три лица се повредени во верижен судар што се случи синоќа на скопската обиколница кај Смилковското езеро во кој учествувале…

January 23, 2025
ХРОНИКА

Одобрено е обвинението против Нино Васев, Нехат Нухи и онколозите, седнуваат на обвинителна клупа

Кривичниот суд во Скопје го одобри обвинителниот акт поднесен од Обвинителството во случајот познат во јавноста како „Онкологија“, со кој…

June 5, 2025
ХРОНИКА

Жител од тетовско отишол на средба со девојка, го пречекале со автоматска пушка

„Денеска (20.03) во СВР Скопје А.И.(27) од село Церово, тетовско, пријавил дека претходниот ден околу 18:10 часот откако пристигнал во…

March 20, 2025
ХРОНИКА

Денеска на Плаошник ќе биде погребан Владиката Тимотеј

Денеска ќе биде погребан митрополитот Дебарско-кичевски, господин Тимотеј, кој почина неодамна поради здравствени проблеми. Погребот ќе се одржи на Плаошник…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?