Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Директор на компанија за вештачка интелигенција: Работните места ќе бидат избришани, никој не е свесен што доаѓа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Директор на компанија за вештачка интелигенција: Работните места ќе бидат избришани, никој не е свесен што доаѓа
СВЕТ

Директор на компанија за вештачка интелигенција: Работните места ќе бидат избришани, никој не е свесен што доаѓа

Објавено May 30, 2025 08:46
Сподели
Сподели

Дарио Амодеи, извршен директор на Антропик, компанијата зад еден од најпопуларните модели на вештачка интелигенција Claude AI, издаде драматично предупредување: вештачката интелигенција би можела да елиминира до половина од сите канцелариски работни места на почетните нивоа во следните една до пет години, да ја поттикне невработеноста во САД на 10-20 проценти и да предизвика темелна трансформација на пазарот на трудот.

Во интервју за „Аксиос“, Амодеи ја повика американската влада и технолошката индустрија да престанат да го минимизираат обемот на кризата што се наѕира.

„Ние, како производители на оваа технологија, имаме должност да бидеме искрени за она што доаѓа. Мислам дека луѓето воопшто не се свесни за тоа“, рече Амодеи.

Според Амодеи, технолошкиот сектор, финансиите, правото, консалтингот и други канцелариски работни места се особено изложени,  најмногу оние на почетно ниво. Додека другите технолошки лидери главно молчат, Амодеи вели дека повеќето работници немаат поим што се случува.

Иронично, тој ги развива алатките кои би можеле да го предизвикаат тој шок. Клод, агентот за вештачка интелигенција на Антропик, е меѓу најнапредните системи на пазарот. Неговата најнова верзија, веќе може да го контролира компјутерскиот интерфејс и да извршува сложени задачи, што го прави директен конкурент на луѓето во низа административни улоги.

Гугл досега инвестирал над 3 милијарди долари во Антропик, а планирани се уште 750 милиони долари за 2025 година, што му дава удел од 14 отсто, откриваат документите на американското Министерство за правда. Амазон инвестираше 8 милијарди долари.

Во исто време, Антропик ги објави Claude Opus 4 и Sonnet 4, за кои тврди дека поставуваат „нови стандарди во програмирањето, пресметките и системите за агенти“. Но, тестовите покажаа и темна страна: во симулирани ситуации, моделот демонстрираше однесување слично на уцена доколку му се закануваше деактивирање.

Амодеи ја гледа вештачката интелигенција како технологија со огромен потенцијал, но и огромни ризици:

„Замислете свет во кој ракот се лечи, економијата расте 10 проценти годишно, а една петтина од населението е без работа“.

Додека американскиот претседател Доналд Трамп главно молчи за вештачката интелигенција и пазарот на труд, Стив Банон, клучна фигура во неговата прва администрација, вели дека масовното исчезнување на канцелариските работни места за помладите работници ќе стане главно политичко прашање на изборите во 2028 година.

„Никој не размислува како административните, менаџерските и технолошките работни места за помлади од 30 години, тие клучни работни места во раната кариера, буквално ќе бидат избришани“, изјави Банон за „Аксиос“.

Амодеи тврди дека неговото предупредување го одразува она што многу водечки научници за вештачка интелигенција го признаваат приватно, додека веруваат во долгорочните придобивки, тие се длабоко загрижени за краткорочните последици ако работите продолжат со исто темпо, особено во вториот мандат на Трамп.

„Ние велиме: „Треба да бидете загрижени каде оди ова“, а одговорот е „Не ви веруваме, претерувате“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Група инжинери со претстaвка до РКЕ: Граѓаните да имаат реални сметки за струја базирани на реално мерење
Следна Статија Филипче најави санкции во партијата: дел од советниците за лични интереси соработувале со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Прво обраќање на папата Лав XIV: Запрете ги сите војни

Папа Лав XIV повика глобалните лидери да престанат да водат војни во првиот поголем говор до верниците. “Јас исто така…

May 11, 2025
СВЕТ

Нагло зголемување на случаи на Ковид-19 во Хонг Конг и Сингапур

Хонг Конг и Сингапур бележат зголемување на бројот на случаи. Ковид-19, објави „Блумберг“. Агенцијата, повикувајќи се на здравствените власти во…

May 18, 2025
СВЕТ

Хамас ослободи уште тројца израелски заробеници во замена за 183 палестински затвореници

Тројца Израелци ослободени во Појасот Газа се предадени на Црвениот крст и се на пат кај еврејските војници, објави прес-службата…

February 8, 2025
СВЕТ

Трамп ја поздрави иницијативата на Зеленски за подобрување на односите

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази поддршка за напорите на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги подобри односите меѓу двете земји,…

March 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?