Наставник по физичко воспитување кој работел 5 години во едно основно училиште, останал без работа, иако исполнувал услови и имал најголем работен стаж во однос на колешките кои добиле решенија за трајно вработување пренесува СДК.
Директорот на училиштето одбил да му го транформира договорот на определено време во договор на неопределено, зашто претпоставувал дека е политички неподобен, односно е од СДСМ. Директорот пак, бил поставен од градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.
Според претставката што ја поднел избрканиот дипломиран наставник по физичко воспитување до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, откако директорот го избркал од работа, вработил нестручно лице, наставничка по македонски јазик.
Повеќе на СДК