Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дискотеката почнала да работи, иако не биле исполнети минималните технички услови за работа на објектот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Дискотеката почнала да работи, иако не биле исполнети минималните технички услови за работа на објектот
ХРОНИКА

Дискотеката почнала да работи, иако не биле исполнети минималните технички услови за работа на објектот

Објавено June 25, 2026 19:35
Сподели
Сподели

Дискотеката „Пулс“ во Кочани почнала да работи, иако притоа не биле исполнети минималните технички услови за работа на објектот, беше кажано од Обвинителството на денешното рочиште на судењето за пожарот во кочанската дискотеката, кое презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство.

Следното рочиште е закажано за 1јули со материјални докази од Обвинителство за Државен пазарен инспекторат и листинзи од телефонски разговори.

Со изведување на докази почна обвинителката Наташа Сарамандова, за кои рече се однесуваат на релевантни околности како започнала работата на објектот, иако притоа не биле исполнети минималните технички услови за работа на објектот, но продолжи друг обвинител откако одбраната до Судот поднесе барање за изземање на Сарамандова, поради, како што наведе “пристрасно постапување при презентација на доказите со исклучување на елементи од доказите кои се од суштинско значење”.

По барањето треба да одлучува државниот јавен обвинител Ненад Савески.

По ова, родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката “Пулс” во Кочани во знак на револт доброволно ја напуштија судницата во КПУ Идризово.

Наташа Сарамандова е најдобра обвинителка со обвинителот Дарко, и тие се нашата надеж дека вистината ќе биде откриена и дознаена и за нас родителите, и за целата јавност, за да видат кој ги уби нашите деца. Ако ја изземат обвинителката Наташа Сарамандова, јас мислам дека не треба ни да постои судење – изјави мајката на загинатиот Томас, Јулија Златкова.

Александар Наунов, во изјава за медиумите нагласи дека се остава впечаток дека колку повеќе се отвораат доказите и се објаснува нивната содржина, толку повеќе фокусот се префрла од суштината кон процедурата.

Од нас, родителите се бара достоинство и трпение, и тоа го правиме од првиот ден, а за возврат бараме само едно: доказите да се изведат до крај, јавноста да ја слушне целата слика и одговорноста да не се изгуби меѓу процедурите – , нагласи Наунов.

На почетокот на денешното рочиште Судот, изрази сочувство до семејството на починатиот Љупчо Грнчиштанов, кој беше еден од обвинетите во случајот и информираше дека по добиено известување од МВР се запира кривичната постапка спрема овој обвинет.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче до Мицкоски: Ќе излезете ли и ќе кажете пред граѓаните дека потфрливте и дека ништо не исполнивте?
Следна Статија Маж лажел жена дека е лекар од Италија — барал 35.000 евра „за да ја оперира ќерка ѝ“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Се шверцал добиток од Македонија во Албанија

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ – Дебар, спречиле шверц на добиток, кој требало…

September 6, 2025
ХРОНИКА

Возел со 157 км/ч каде дозволено било 80, приведен возач од гостиварско

На 29.06.2025 во 15.50 часот на патот Гостивар- Тетово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово…

June 30, 2025
ХРОНИКА

Близначињата што починаа биле премрзнати, велат од прилепската болница

Близначињата новороденчиња што починаа вчера во Прилепско биле премрзнати, се вели во соопштението од прилепската Oпшта болница со проширена дејност…

January 17, 2025
ХРОНИКА

Детали за пожарот под Кале, опожарени пет возила

Пет возила се зафатени во пожар што попладнево избувнал на улицата „Лазар Личеноски“ под скопското Кале, спроти Градскиот стадион, информираат…

April 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?