Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дисциплинската комисија утврдила „крупни грешки“ и ќе бара разрешување на Хајрулахи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дисциплинската комисија утврдила „крупни грешки“ и ќе бара разрешување на Хајрулахи
МАКЕДОНИЈА

Дисциплинската комисија утврдила „крупни грешки“ и ќе бара разрешување на Хајрулахи

Објавено June 20, 2025 17:08
Сподели
Сподели

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство, по целосно спроведени две дисциплински постапки и испитани факти и околности, ги прифати предлозите поднесени од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и одлучи дека вишиот јавен обвинител и уште еден јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје сториле тешки дисциплински повреди од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, односно намерно и неоправдано направиле крупни професионални грешки, се вели во нивното соопштение.

Како што објаснуваат, врз основа на изведените докази, Комисијата утврди дека јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, против кого се водеше една постапка, нестручно и несовесно постапил во 4 предмети во кои се откажал од жалба или обвинение. За ова на овој јавен обвинител изречена му е дисциплинска мерка – намалување на плата во висина од 30% од платата во траење од 6 месеци од правосилност на решението.

За вишиот јавен обвинител на ВЈО Скопје, пак, се водеа две одвоени дисциплински постапки. Во едната од Комисијата утврди дека е одговорен поради констатирани неправилности во начинот на заведување на предметите во Вишото јавно обвинителство Скопје, а во другата за нестручните одлуки донесени во три од наведените предмети, бидејќи пред него биле реферирани и со негова согласност биле донесени одлуките. Со оглед на утврдените тешки дисциплински повреди во двете постапки одлучено е до Советот на јавните обвинители да биде поднесен предлог за разрешување на вишиот јавен обвинител на ВЈО Скопје, се наведува во соопштението.

Единствено во однос на наводите за сторена уште една тешка дисциплинска повреда од Вишиот јавен обвинител на ВЈО Скопје кои се однесуваа на нарушување на угледот на Јавното обвинителство, Комисијата одлучи дека постои застареност на предлогот.

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, врз основа на наодите за констатираните состојби од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство Скопје, во декември минатата година достави предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи и еден јавен обвинител заради нестручно и несовесно работење во четири предмети во кои се откажал од жалба или обвинение.

Хајрулахи по одлуката за негова суспензија обвини дека кривичната пријава против него поднесена од страна на Републичкиот јавен обвинител, има тенденцијата да го отстрани и заќути, како и да ги заплаши и другите колеги кои што постапуваат согласно законот, а се со цел, како што рече, да се донесат нарачани одлуки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Акиов пријавен в полиција за вчерашниот напад
Следна Статија Струмичка поезија: Во време на тишина со замислен поглед Костадинов зборувал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

И Венко Филипче се обидувал да го спаси животот на Чифлиганец во Чешка

Лидерот на СДСМ Венко Филипче бил дел од тимот на доктори кои се обидувале да го спасат животот на Душко…

August 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Новиот државен обвинител ќе треба да ја врати довербата, народот е жеден за правда

Да ја врати довербата во институцијата Јавно обвинителство, да се зафати со темелна и напорна работа, а во иднина и…

December 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел-дискусијата – 600 милиони евра за…

August 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вилијам Секл и Јовче Ременски го наместиле и „Кралот на местенките“ Христијан Илиевски од Хрватска со лажни дојави од АНБ

Жртва на лаги и на измислици во извештаите на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), за кои бруи јавноста по обелоденувањето…

September 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?