Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доаѓа нов бран на обилни дождови, снег и снежна покривка ќе има на планините
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Доаѓа нов бран на обилни дождови, снег и снежна покривка ќе има на планините
МАКЕДОНИЈА

Доаѓа нов бран на обилни дождови, снег и снежна покривка ќе има на планините

Објавено November 22, 2025 12:34
Сподели
Сподели

Под влијание на циклонска активност од Џенова но и продор на поладен воздух од север овој викенд ни следува поголемо заладување на времето особено утре (Недела 23 ноември). Токму оваа циклонска активност кај нас ќе донесе нови обилни врнежи од дожд на повеќе места во Македонија а можна е и појава на грмежи и силен ветер од јужен правец. Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме, прогнозира Славчо Попоски.

Се очекува локално да наврне големо количество на дожд, и тоа над 35 литри дожд.

И во Скопје и околината овој викенд ќе имаме повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат пообилни и поројни и проследени со засилен јужен ветер и со услови за појава на грмежи. Поради заладувањето особено ноќта кон недела и во недела 23 ноември на планините над 1200 метри врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и очекувам формирање на снежна покривка, објави Попоски.

Што се однесува до температурите тие од недела ќе бидат во позначително опаѓање и максималните дневни температури кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 5 д 14 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 10 степени.

Поради очекуваните нови обилни дождови во Македонија повторно растат условите за ново зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија, а постои опасност од нови поплавувања.

Попоски апелира возачите да внимаваат како управуваат со своите возила а тоа значи да не се движат покрај водотеците и тоа поради очекуваните нови обилни дождови.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Биловите паѓаат во плеј-оф сликата по загубата и можат да паднат уште повеќе во недела
Следна Статија Прв поглед на новиот лансирен трејлер за Destiny 2 Renegades

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Камерите ќе казнуваат од први јануари: Поминаа измените во Законот за безбедност во сообраќајот

Народните избраници го изгласаа Дополнетио предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата,…

September 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Паднато дрво го блокира влезот на ОУ „Киро Глигоров“ – учениците влегуваа од другата страна

Паднато дрво го блокира главниот влез на ОУ „Киро Глигоров“ во Капиштец, на потегот од ул. Васил Ѓоргов кон Заводот…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителство: Детално ќе ги испитаме наводите за нелегално прислушување

Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите, велат од Јавното обвинителство. Од таму додаваат дека Обвинителството единствено…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Кошта: Македонија заслужува да оди напред и да не биде заложник на билатерални спорови

Денес во Минхен, претседателот на Владата Христијан Мицкоски оствари средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. На средбата се…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?