Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Добила 20.000 евра отштета бидејќи вработените во Зара влегле во кабината додека се пресоблекувала
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Добила 20.000 евра отштета бидејќи вработените во Зара влегле во кабината додека се пресоблекувала
ЗАБАВА

Добила 20.000 евра отштета бидејќи вработените во Зара влегле во кабината додека се пресоблекувала

Објавено February 19, 2025 09:01
Сподели
Сподели

Кристал Џојс, 20-годишна тиктокерка и инфлуенсерка од Ирска, доби 20.000 евра отштета откако члeнка на обезбедувањето во Зара влегла во нејзината кабина додека таа се пресоблекувала. Џојс рекла дека била вознемирена кога ѝ ја отворила завесата во кабината додека, како што кажа, била делумно соблечена, пренесува Дејли Мејл.

Таа, исто така, пред судот изјави дека била држена против нејзина волја во кабината за пресоблекување, а потоа „ја претставиле како крадец и ја испрашувале пред другите клиенти, иако не направила ништо лошо“. Џојс тврдеше дека била жртва на клевета бидејќи во присуство на други лица било имплицирано дека е „вмешана во криминални активности“, иако, како што рече, само сакала да проба нова облека.

View this post on Instagram

A post shared by 。 🎀 🍭𝓀𝓇𝓎𝓈𝓉𝒶𝓁 𝒿o𝓎𝒸𝑒 🍫 🎀 。 (@krystal_joyce_16_)

Судот пресуди во нејзина корист и ѝ наложи на Зара и на нејзиното обезбедување да ѝ исплатат отштета од 20 илјади евра. Нејзината адвокатка, Естер Ерли, изјави пред судот дека Кристал често се фотографира во соблекувалните додека пробува женска облека во различни продавници, а потоа ја промовира и препорачува таа облека на своите следбеници на ТикТок.

Судијата кој работеше на нејзиниот случај објасни дека „се случило големо несогласување“ и смета дека на инфлуенсерката ѝ била нанесена штета.

„Обвинителката даде искрени и отворени изјави“, рече тој. Тој исто така кажа дека доказите на Зара не биле ниту убедливи, ниту веродостојни. „Постапиле на начин кој ѝ нанел штета на девојката“, додаде тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Шансата астероид да не удри во 2032 година е зголемена по трет пат, сега е околу 3% според НАСА
Следна Статија Трамп: Најверојатно ќе се сретнам со Путин пред крајот на февруари, мислам дека имам моќ да ја завршам војната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Оваа пејачка според Аркан била најдобра во кревет

Дорис Драговиќ е име кое засекогаш е запишано во историјата на музичката сцена на поранешна Југославија, но и на Хрватска.…

April 17, 2025
ЗАБАВА

Куќата од филмот „Сам дома“ продадена за 5,5 милиони долари

Куќата oд филмот „Сам дома“ – со типичниот ентериер од 90-тите, е продадена по бараната цена за 5,5 милиони американски…

January 17, 2025
ЗАБАВА

Работници дневно извлекуваат по 3.000 евра од само една фонтана во Рим (ВИДЕО)

Во еден агол од „Вечниот град“ лежи раскошна барокна бајка каде што водата тече по камењата, а фигури на богови…

July 26, 2025
ЗАБАВА

Ирина Шајк во танга (ФОТО)

Фотографиите од руската „секс бомба“ манекенката Ирина Шајк од ревијата на ВС во Њујорк ги преплавија социјалните мрежи. Меѓу нејзините милионски…

October 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?