Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Добиле мито од милион евра: Градоначалникот на Тирана и неговата сопруга обвинети за корупција и перење пари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Добиле мито од милион евра: Градоначалникот на Тирана и неговата сопруга обвинети за корупција и перење пари
БАЛКАН

Добиле мито од милион евра: Градоначалникот на Тирана и неговата сопруга обвинети за корупција и перење пари

Објавено July 24, 2025 17:45
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој од 10 февруари годинава е во притвор и официјално е обвинет за корупција и перење пари. Тој беше запознат со обемното досие во кое се опфатени и неговата сопруга Ајола Џоџа и неколку бизнисмени и други лица.

Според Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, СПАК, Велиај и Џоџа, се обвинети за сложена шема за корупција и перење пари, каде што преку компании директно или индиректно контролирани од Џоџа, тие добиле мито од околу милион евра од бизнисмени кои добивале градежни дозволи.

Меѓу обвинетите е и пратеничката од редовите на владејачката Социјалистичка партија, Клотилда Бушка, која е обвинета за попречување на истрагата, бидејќи му се заканувала на друго лице да не сведочи во СПАК против Велиај и неговата сопруга.

Исто така членови на семејството и подредени на Ајола Џоџа се обвинети. Во проблеми со правосудниот систем е Фатјон Бачи, полицаец во затворот, на чиј телефон Велиај имал неколку разговори за време на транспортот од затворот во Драч, каде е во притвор, до Апелациониот суд.

Сведочењето на Бачи изнесе на виделина детаљ за интересите на Велиај, кој се обидувал да избега од затвор и да се кандидира за пратеник на изборите што се одржаа на 11 мај, со цел да избега од правдата.

Вкупно, во ова досие со околу 60 илјади страници, има 30 лица, компании и непрофитни организации.

Од самиот почеток Велиај ги негираше сите обвиненија, опишувајќи го судењето против него како „кафкијанско“, но неговите напори да ја врати слободата беа неуспешни.

Неуспешни беа и барањата за замена на затворскиот со поблага мерка доставени до неколку судски инстанци.

Велиај(46) градоначалник на Тирана беше во два мандата, член е на владејачката Социјалистичка партија а бил и министер социјална заштита.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украина ќе донесе војна во ЕУ, смета Сијарто
Следна Статија Алијансата за Албанците го обвини Азир Алиу дека не го почитува Преспанскиот договор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Претседателот на словенечкиот парламент најави референдум за излегување од НАТО

Претседателот на словенечкиот парламент, Зоран Стевановиќ, изјави дека неговата партија Ресница ќе инсистира на организирање референдум за излгување на Словенија…

April 14, 2026
БАЛКАН

Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото…

September 27, 2025
БАЛКАН

Филипинци ќе работат во Хрватска – пристигнаа речиси 13.000 работници

Министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, денес ја претстави Неделата на хрватско-филипинско пријателство во Манила со цел…

October 14, 2025
БАЛКАН

Уапсен татко на малолетно девојче: Осомничен дека и го договорил бракот за 9.000 евра

Полициската управа на Црна Гора приведе маж, татко на малолетно девојче, кој спречил трговија со луѓе и нејзино носење во…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?