Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Добро утро на сите, освен на пратениците, порачаа работниците од пред Собрание
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Добро утро на сите, освен на пратениците, порачаа работниците од пред Собрание
ЕКОНОМИЈА

Добро утро на сите, освен на пратениците, порачаа работниците од пред Собрание

Објавено February 10, 2026 13:31
Сподели
Сподели

„Добро утро на сите, освен на пратениците“. Со оваа порака до народните избраници, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов го најави почетокот на блокадите на пристапите до паркингот на Собранието. Причината за работничкиот револт е веќе добро познат: ниските плати во државава, поради што ССМ бара минималната плата да биде 600 евра, а сите други да се зголемат за 6.000 денари, колку што би била разликата од сегашната до посакуваната минимална плата.

Од ССМ велат дека со оваа блокада сакаат барем еднаш пратениците да дојдат пеш на работа, како и сите други обични работници и да ги погледаат во очи додека така пешки поминуваат крај нив. Сепак, дел од паркингот пред Собранието беше исполнет со возила, затоа што некои пратеници се паркирале пред 9 часот, кога официјално почнаа блокадите на улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“

Добро утро на сите освен на пратеницте. Зошто, освен на пратенците? Затоа што две години го блокираат предлогот од Созјузот на синдикати на Македонија за зголемување на работничките плати, односно за зголемување на минималната плата и на сите други плати. Ги блокираме да не можат да дојдат на работа со возила, како што тоа секогаш го прават. Да не може да наплатат трошоци за превоз како да трошат керозин. Моите информации се дека станале денес многу рано за да дојдат пред 9 часот, за да не се соочат со работниците на улицата, затоа што одбиваат да ја зголемат работничката плата, а истовремено нивната плата ќе се зголеми не само за 9,2 проценти, колку што рече гувернерот дека се зголемува просечната плата во 2025 година, туку и за 12,6 проценти, затоа што е голема веројатноста Уставниот суд да ја укине Уредбата на претходната влада – рече Трендафилов.

Тој посочи и дека ќе побара со пристап до јавни информации листа на пратеници кои за овој ден земале патни трошоци.

– Ќе побараме да видиме кој ќе се осмели да наплати патни трошоци. Минатата година пратениците наплатија 14 милиони денари за патни трошоци. Некои од нив лани наплатија и по 10.000 евра, а не сакаат да им ја зголемат на работниците минималната плата која е помалку од 24.000 денари – рече Трендафилов.

Тој посочи дека револтира изјавата на пратенците дека доколку би се намалиле нивните плати за 80 проценти, тогаш тие би го земале само законскиот минимум.

– Нè осудуваат дека иницијативата на ССМ за намалување на нивните плати за 80 проценти била неуставна затоа што ќе дошле на минималец, сфатиле колку тешко ќе живеат, па затоа сметаат дека е неуставно да им се намалат нивните високи пратенички плати. Но, прашуваме: Како ако ги намалат за 9 проценти коефициентите ќе биде уставно, а нема да биде уставно да ги намалат за 80 проценти нивните коефициенти и да ја променат нивната основица со минимална плата наместо со сегашната просечна плата – рече Трендафилов.

На протестот присуствуваа и граѓани кои велеа дека не се синдикално организира, но дека дошле затоа што се револтирани од ниските плати.

– Сметам дека ова што сега се случува не е добро. Во објаснувањата кои се даваат веќе никој не верува. Постојат само лажни изговори за да не се зголеми платата – рече една наша сограѓанка.

На протестот присуствуваше и професорот Филип Јовановски од училиштето „Кочо Рацин“ од битолското село Долно Српци.

– Ќе потсетам на една изрека на Кемал Ататурк дека ниту еден пратеник не смее да зема поголема плата од наставник. Затоа дојдов денес тука, да побарам поголема плата за наставниците. Мојата плата како професор, магистер по македонска книжевност е идентична со платата на чистачката во РЕК Битола. Тоа е срамно – рече професорот.

Трендафилов најави дека во четврток протестите, исто со блокада, продолжуваат пред Стопанската комора, а наредниот вторник, кога ќе се одржи седница на Влада, ќе се блокира пристапот пред Владата, за сите, па и премиерот да поминат пешки пред работниците. За ова, како што рече согласно регулативата, потребно е 21 работник за да биде пријавено дека ќе се одржи протест со блокада на улица.

 

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крогер планира да го постави Грег Форан, поранешен извршен директор на Walmart, за нов генерален директор
Следна Статија Голема победа на Санае Такаичи: Јапонските акции растат по изборите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

До крајот на месецов исплата на К-15, еве колку пари ќе легнат на сметката на работникот

Регрес за годишен одмор годинава ќе добијат сите, и работниците во приватниот и во јавниот сектор. Над 84 илјади вработени…

December 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мерцедес го сели производството на електрични возила од Германија во Полска

Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц планира да премести дел од своето производство на возила од Берлин во Полска како одговор…

September 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Бројот на туристи во првата половина од 2025 година е поголем за 13,5% споредено со истиот период лани

Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за  13,5 отсто споредено со истиот период…

August 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

БрејнКо технолошки стартап поднесе доверлив документ за IPO во Хонг Конг

БрејнКо поднесе доверлив документ за јавна понуда, станувајќи првата компанија од 'Ханџоу шесторката' која ќе котира на берза

January 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?