Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“
ХРОНИКА

Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“

Објавено August 22, 2025 10:37
Сподели
Сподели

Дождот што утрово заврна на подрачјето на ловиштето Јасен придонесе за конечно гаснење на големиот шумски пожар кој траеше повеќе од десетина дена.

Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, врнежите кои траеле повеќе од два часа овозможиле пламените јазици да бидат изгаснати, но на теренот сè уште има жешки точки.

– И покрај поголемата количина на дожд, на одредени делови од пожарната линија може да се забележи чадење. По кревањето на маглата и чадот ќе продолжиме со пешадиско дејствување врз местата кои покажуваат знаци на горење. Теренот дополнително ќе биде пребаран со дронови со термални камери – изјави Ангелов.

Екипите на ЈП „Јасен“ и натаму ќе патролираат, сè додека не се потврди дека пожарот е целосно изгаснат.

Во меѓувреме, дожд падна претежно во северните и северозападните делови на државата, додека источните, југоисточните, централните и југозападните делови останаа без врнежи.

Ангелов предупреди дека според прогнозите на УХМР, денеска се очекува силен ветер до 60 километри на час кој значително ќе го зголеми ризикот од нови пожари.

– Апелирам граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат пожар и да пријават секое сомнително однесување. Доколку забележат електрични жици кои се допираат или искрат, веднаш нека пријават во ЕВН или на бројот 112 – порача директорот на ДЗС.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителот Цветановски: Поднесов кривични пријави против Љупчо Коцевски и Лиле Стефанова, но одговор нема
Следна Статија Премиерлигашите потрошија рекордна сума пари за засилувања во летниот преоден рок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала

Либерално демократската партија соопшти дека почина Филип Аврамчев, нивен долгогодишен член и поранешен директор на ЈУ „Универзална сала“. Со длабока…

May 7, 2025
ХРОНИКА

ОЈО бара притвор за 44-годишен маж кој украл 10 илјади евра од менувачница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело…

March 24, 2025
ХРОНИКА

(Видео) Кога во пожар не може пинцгауер, гранка му е мајката: Ангелов со малку шега го покажа херојство на четата на Цветко од Рогачево

Со лопати, стапови, гранки во рацете и светилки на главите седуммина доброволци од Рогачево заедно со екипите на Дирекцијата за…

August 16, 2025
ХРОНИКА

Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?