Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доживотен затвор за Палевски, Манев, Кешишев и Видевски за убиствата на Вања и Панче, Александар е ослободен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Доживотен затвор за Палевски, Манев, Кешишев и Видевски за убиствата на Вања и Панче, Александар е ослободен
ХРОНИКА

Доживотен затвор за Палевски, Манев, Кешишев и Видевски за убиствата на Вања и Панче, Александар е ослободен

Објавено June 25, 2025 10:44
Сподели
Сподели

Судскиот совет при Основен кривичен суд Скопје ги прогласи за виновни обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.  

Судот им додели на сите четворица доживотен затвор.

Таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски доби ослободителна пресуда.

Во обвинението стои дека обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Обвинетите на почетокот од процесот кој траеше нецела година изјавија дека не се чувствуваат виновни.
Во завршните зборови, одбраната на обвинетите побараа ослободителна пресуда, додека, Основното јавно обвинителство побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, а за таткото на Вања побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кампања на владата – купувај домашни земјоделски производи
Следна Статија Шопската салата меѓу 24-те најдобри во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари, ѝ се јавиле дека ќерката имала сообраќајка

Скопјанката Р.С.(76) вчера била измамена за 130.000 денари.  Таа примила телефонски повик од едно женско и од едно машко лице,…

January 18, 2025
ХРОНИКА

ФОТО: Објавени меѓународните потерници за Артан Груби и Перпарим Бајрами

Министерството за внатрешни работи ги објави меѓународните потерници за Артан Груби и Перпарим Бајрами. Основното јавно обвинителство Скопје вчеравечер до…

December 18, 2024
ХРОНИКА

Во притвор почина еден од осомничените полициски службеници за пожарот во „Пулс“

Во притвор почина Владо Петров, еден од осомничените полициски службеници во случајот за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани,…

October 14, 2025
ХРОНИКА

Почина 40-годишен маж – му се слошило додека бил на работното место

На 24.03.2026 во 14:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во магацин во круг на фабрика на подрачјето на…

March 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?