Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Докторот Александар Трајановски ќе биде нов потпретседател на СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Докторот Александар Трајановски ќе биде нов потпретседател на СДСМ
ПОЛИТИКА

Докторот Александар Трајановски ќе биде нов потпретседател на СДСМ

Објавено November 13, 2025 14:55
Сподели
Сподели

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти дека ќе го предложи д-р Александар Трајановски за нов потпретседател на партијата. Предлогот ќе биде презентиран на седницата на Извршниот одбор, закажана за 18 часот. За назначувањето да стане официјално, потребно е да го одобри и Централниот комитет, но засега седница на највисокото партиско тело не е закажана.

Филипче истакна дека процесот на кадровски промени се одвива внимателно и побара трпение од членовите и симпатизерите.

„Вечерва ќе го презентирам дел од плановите. Сакам да најавам дека на позицијата потпретседател ќе го номинирам доктор Александар Трајановски, актуелен член на Извршниот одбор. Тој е исклучително посветен кадар, имаше одлична кампања и привлече многу внимание. Верувам дека ова ќе биде значајно кадровско зајакнување“, рече Филипче.

Трајановски, кој беше кандидат за градоначалник на Аеродром на локалните избори, ќе биде предложен како наследник на Ана Чупеска, која поднесе оставка по изборите во 2025 година.

Филипче ги демантираше медиумските написи дека бил одбиен од поранешен градоначалник, оценувајќи ги како апсолутни невистини.

„Нема таков човек што одбил некаква понуда. Тоа не е точно“, истакна тој, додавајќи дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ се занимава со измислени теми наместо да даде одговори за економските предизвици.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Јас ќе ја донирам мојата плата за судиите и обвинителите – ама нека судат според закон
Следна Статија Одложено рочиштето за злоупотреба на спортски ваучери

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Декласификација на документите за прислушкувањето е единствениот начин за расчистување на случајот

Претседателот на СДСМ Венко Филипче повикува на декласификација на документацијата поврзана со прислушкувањето бидејќи, според него, тоа е единствениот начин…

September 6, 2025
ПОЛИТИКА

Земон се сретна со провокаторот Стојанов: Aко вака продолжат СДСМ ќе молат за гласови

Членот на извршниот комитет на СДСМ, Рубин Земон, на неофицијална средба со провокаторот Виктор Стојанов од фондацијата Македонија од Софија.…

May 22, 2026
ПОЛИТИКА

Локални избори 2025: Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет до Општинските изборни комисии

Сите оние кои што сакаат да се кандидираат на Локалните избори 2025 година закажани за 19 октомври, своите кандидатури за…

September 13, 2025
ПОЛИТИКА

Локалните избори ќе бидат распишани во првата половина од август, вели Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши при денешната посета на Тетово на новинарските прашања најави дека локалните избори ќе се распишат…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?