Познатиот доктор Ненад Лазаров, алармира за опасноста од чадот предизвикан од пожарите на депониите во околината на Скопје. Алудира дека граѓаните треба да се заштитат со маски, а најсоодветн се KN95 маските.
– Освен акутниот ефект од чадот, главната опасност кога ќе се запали депонија во близина на населено место е ослободувањето на диоксини, фурани и тешки метали, како што се олово и кадмиум, кои се канцерогени, мутагени и исклучително токсични за здравјето на луѓето. Овие соединенија навлегуваат преку воздухот, се таложат во масните ткива и црниот дроб и предизвикуваат акутни и долготрајни респираторни, невролошки и ендокринолошки нарушувања, особено кај децата, постарите и хронично болните лица. Да не зборувам за трудниците… – пишува доктор Лазаров во својата фејсбук објава.
– Голем проблем е продолжениот ефект и по пожарот, со оглед на тоа дека се хемиски стабилни и отпорни на разградување и долготрајно се акумулираат во животната средина и организмите. KN95 маските се измислени за ова, апелира доктор Лазаров.