Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доларот тоне на најниско ниво во последните три години поради зголемената недоверба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Доларот тоне на најниско ниво во последните три години поради зголемената недоверба
Blog

Доларот тоне на најниско ниво во последните три години поради зголемената недоверба

Објавено April 22, 2025 10:38
Сподели
Сподели

Американскиот долар падна на најниско ниво во последните три години, бидејќи повлекувањето на инвеститорите од американските финансиски инструменти се интензивира, а политичките притисоци врз американската централна банка дополнително ги вознемируваат пазарите.

Трговците беа нервозни откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно остро го нападна претседателот на Федералните резерви Џером Пауел, нарекувајќи го „Господин премногу доцна“ и „голем губитник“. Трамп ги засили своите повици за намалување на референтните каматни стапки, што дополнително ја поткопува довербата во стабилноста на американската монетарна политика.

Доларот падна на најниско ниво од март 2022 година, во споредба со светските валути. Во однос на јапонскиот јен, американската валута достигна најниско ниво во последните седум месеци, достигнувајќи 140 јени за долар – прв пат од септември минатата година.

Минатата недела Трамп твитна дека „отстранувањето на Пауел не може да се случи доволно брзо“.

Тони Сајкамор, пазарен аналитичар во ИГ, истакнува дека нападите на Трамп врз Пауел дополнително ја поткопуваат довербата на инвеститорите:

Нивниот однос е затегнат веќе некое време. Иако тој самиот го назначи во 2017 година, Трамп подоцна изрази жалење за одлуката, обвинувајќи го Пауел за лоши одлуки и постојано одложување.

Пауел одговори со предупредувања дека царините на Трамп може да доведат до зголемување на инфлацијата и забавување на економскиот раст, директно спротивно на тврдењата на Трамп за позитивните ефекти од неговата економска политика.

Во текот на вчерашниот ден, кога европските пазари беа затворени, на Волстрит беа забележани нови загуби. Dow Jones Industrial Average падна за уште 2,5%, или речиси 1.000 поени.

Инвеститорите дополнително се загрижени поради недостигот на напредок во трговските преговори, откако Трамп најави нови високи царини на почетокот на месецот. Ова создава загрижувачка ситуација во која истовремено паѓаат вредностите на доларот, американските берзански индекси и државните обврзници. Традиционално, во време на криза, доларот и американскиот долг би се сметале за безбедно засолниште за капиталот.

Џим Рид, пазарен стратег во Дојче банк, објаснува дека моменталната реакција на пазарот има помалку врска со притисокот врз самата ФЕД, а повеќе со зголемената загриженост на инвеститорите дека непредвидливата економска политика може да го поткопа глобалниот статус на американската економија:

„Пазарот се повеќе изразува загриженост дека несериозните економски политики би можеле да ја загрозат таканаречената „прекумерна привилегија“ што им дозволува на САД да имаат високи двоцифрени дефицити со години“, пишува британски Гардијан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хрватски пратеник: Не може да се вработите во Европскиот парламент ако не сте хомосекуалец
Следна Статија Мајка и ќерка се степале на регионалниот пат Кичево-Битола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BlogЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи

Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој…

September 27, 2024
Blog

Доларот на најниско ниво во последните три години

На валутните пазари, изминатава седмица вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна на најниско ниво во последните три…

April 13, 2025
Blog

Вице Заев станал доминантен сопственик на двете АД Герас Цунев во Струмица

Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев, со својата фирма Тотал Инженеринг стана доминантен сопственик на двете акционерски друштва…

October 29, 2024
Blog

PS5 Action RPG The God Slayer No Longer Part of Sony’s China Hero Project, First Gameplay Footage Is Jaw-Dropping – Push Square

A steampunk stunner

December 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?