На почетокот на февруари се случи шокантен трејд во кој Лука Дончиќ беше испратен од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс, а во ексклузивно интервју за ESPN, Словенецот откри што се случило таа вечер кога преку медиумите дознал дека има нов клуб.
Дончиќ за прв пат по трејдот проговори за деталите како дознал дека повеќе не е кошаркар на Далас и која е неговата прва реакција. “Бев во кревет, тргнав да спијам кога дознав за трејдот. Три пати помислив дека е 1 април. Најмногу тага почувствував, бев во шок. Искрено, срцето ми се скрши”, откри Дончиќ во емисијата на Малика Ендрјус.
Бизнис менаџерката на Дончиќ, Лара Бет Сигер, донела мобилен телефон во просторијата каде што било спроведено интервјуто. Дозволете ми да ви покажам сувенир од таа вечер“, рече таа.
Дончиќ рече дека токму тој мобилен телефон го фрлил во ѕид и од бес го скршил откако дознал за трејдот. „Сè уште работи, сè уште го користам“, рече Дончиќ покажувајќи кон мобилниот телефон чие куќиште беше видливо скршено.
Дончиќ нагласи и дека сакал да ја помине целата своја кариера во Далас и дека се уште ги сака навивачите на тој клуб, а на прашањето што генералниот директор на Далас, Нико Харисон, кој го испрати во Лејкерси, кажал некои не толку убави работи за него, немал коментар, но потврдил дека не разговарал со него од трејдот. „Тажно е како зборува сега. Никогаш не сум кажал ништо лошо за него“, изјави Дончиќ.
Luka Doncic tells @malika_andrews about throwing his phone and breaking it when he found out he got traded to the Lakers 😳
"My heart was broken honestly." 💔 pic.twitter.com/rfsIGlOaBC
— ESPN (@espn) April 18, 2025