Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Досегашните потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат предложени за членови на ИК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Досегашните потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат предложени за членови на ИК
ПОЛИТИКА

Досегашните потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат предложени за членови на ИК

Објавено February 5, 2026 20:38
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе одржи Централен комитет (ЦК). Во овој мандат повеќе нема да има потпреседатели. Ќе има претседател, генерален секретар и членови на Извршен комитет (ИК). Досегашните потпретседатели ќе бидат предложени за членови на ИК на партијата, а ќе има и нови имиња, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски во вестите на МРТ.

Тој информира дека ќе се одржи ЦК со сите кои по статут ќе бидат дел од Извршниот комитет. По автоматизам, како што рече, влегуваат координаторот на пратеничката група, претседателката на Унијата на жени, претседателот на Унијата на млади, претседателот на Унија на ветерани, претседателот на партијата, генералниот секретар или некаде околу 29 луѓе би трбало да има новиот состав на ИК. Ќе побарам од ЦК, како што рече, бидејќи немаме функционален ИК да донесеме одлука за распишување избор на нов претседател на Унијата на ветерани, Унијата на млади и Унијата на жени. Очекувам од 20 до 25 отсто нови луѓе, кои ќе бидат составен дел на ИК на партијата.

Да, точно е тоа дека партијата во овој мандат нема повеќе да има потпреседатели. Ќе има претседател, генерален секретар и членови на ИК. Досегашните потпретседатели ќе бидат предложени за членови на ИК на партијата и плус некои други имиња. Со тие луѓе јас сум од прв ден, тие луѓе се мои најблиски сорботници и во интерес на она што веќе го најавив за 2029 година и за принципите кои ги застапувам, на конгресот во 2029 година партијата ќе има ново раководство, нов претседател итн. Ценам дека е потребно да се има рамен терен за сите оние кои се заинтересирани и мислат дека можат да додадат вредност пред се во ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и во Владата да можат да се кандидираат и да ја побаарат поддршката од делегатите на конгресот, изјави премиерот.

Прашан за новиот состав на Владата, премиерот рече дека досега бил фокусиран на составување на ИК и очекува следната недела, пред да замине за Минхен, да имаат состанок со новиот состав на ИК на партијата и да донесат одлука за генерален реизбор на општинските комитети на партијата.

На тој состанок би излегол и со одредени кадровски решенија во делот на претседател на Градскиот комитет на партијата и претседатели на некои републички партиски комисии итн., со што генерално би ја заокружил врвната структура на партијата. Потоа е процесот селекција на претседатели на општински комитети. Тоа е процес на интервју, нивен избор, бидејќи тие по статут се и членови на ЦК, највисокото тело на партијата. Кога ќе го заокружиме тој процес, потоа ќе оставиме време на новите или старо-новите претседатели на одредени општински комитети да го составот ликот на општинскиот комитет. Додека тие тоа го составуваат, ќе почнеме да размислуваме и за Владата, за нови кандидати, за промена на ресори, рече премиерот Мицкоски. Очекува целиот овој процес да биде заокружен некаде до мај или јуни. Најави дека од есен ќе има ажурирање на членството на партијата.

Премиерот Мицкоски во рамки на работата на Владата очекува оваа година да биде реформска, да се испорачаат многу реформи значајни за граѓаните. Оваа година, како што истакна, ќе биде успешна на повеќе полиња.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД
Следна Статија 600 евра минимална плата: Филипче бара кратење луксуз за поголеми плати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува за координиран напад од ВМРО-ДПМНЕ

Правиме уште едно разоткривање на организираната кампања која се води против СДСМ од страна на власта, изјави денеска Петар Огњеновиќ,…

December 27, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изградија и реконструира патишта во должина од над 770 километри, направени се речиси 47 километри нови водоводи, модернизирани над 400 училишта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се осврна на тоа што…

September 27, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Ќе ги известам сите евроамбасадори во земјава дека премиерот го блокира европскиот пат на земјата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, информираше дека денеска официјално упатува писмо до европските институции и меѓународните партнери поради, системското демонтирање…

April 1, 2026
ПОЛИТИКА

ДУИ одбележа 24 години – Ахмети: Почнавме од нула, си заминавме со премиер Албанец

Демократската унија за интеграција денес во Градскиот парк во Скопје ја прослави 24-годишнината од своето основањe. Лидерот на интегративците, Али…

June 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?