Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Досега запленети над 40 тони марихуана, велат од Обвинителството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Досега запленети над 40 тони марихуана, велат од Обвинителството
ХРОНИКА

Досега запленети над 40 тони марихуана, велат од Обвинителството

Објавено February 9, 2026 12:19
Сподели
Сподели

Обвинителството во рамки на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата, континуирано презема активности во соработка со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство.

Постапувањето се одвива во континуирана координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и со други јавни обвинителства со месна и стварна надлежност, кои постапуваат по предмети за кривични дела утврдени во Законот за контрола на опојни дроги.

-Во насока на целосно утврдување на фактите и околностите, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е во комуникација со Обвинителството за организиран криминал на Република Србија, со цел размена на информации од значење за постапката што ќе помогнат да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната. Воедно, јавниот обвинител од ОЈО ГОКК презема и други дејствија согласно своите законски надлежности, вклучително и сослушување лица во својство на сведоци, со цел прибирање докази и факти релевантни за постапката, се вели во соопштението.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, заедно со надлежните институции, продолжува со преземање на дејствија за целосно расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде навремено информирана.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Kокаин вреден 41 милион евра запленет од Француската морнарица
Следна Статија Тинејџер тврди дека лек против акни го навел да пука во пријателите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Повредени има на КЛИНИКИТЕ ЗА ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА, НА НЕВРОХИРУРГИЈА, КАРИЛ, ДЕТСКА КЛИНИКА, „8 СЕПТЕМВРИ“, „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“

Осумнаесет лица се на лекување на Клиниката за пластична хирургија во Скопје, осум се на Клиниката за анестезија КАРИЛ, 4 …

March 16, 2025
ХРОНИКА

Малолетничка со месеци преживувало хорор, 17 насилници ја силувале и ја уценувале

Полицијата во Куманово на 2 јануари го приведе првиот осомничен во случајот кој го потресе регионот. Станува збор за 31-годишен…

January 9, 2026
ХРОНИКА

Сарамаков за 50.000 евра ги оддал службените документи, дозволил сведок да ги снима

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска…

April 1, 2025
ХРОНИКА

Силувана е жена, две лица ја грабнале – ова се деталите

Две лица од Дебарскиот регион се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава за „грабнување“ и „полов…

November 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?