Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Досега запленети над 40 тони марихуана, велат од Обвинителството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Досега запленети над 40 тони марихуана, велат од Обвинителството
ХРОНИКА

Досега запленети над 40 тони марихуана, велат од Обвинителството

Објавено February 9, 2026 12:19
Сподели
Сподели

Обвинителството во рамки на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата, континуирано презема активности во соработка со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство.

Постапувањето се одвива во континуирана координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и со други јавни обвинителства со месна и стварна надлежност, кои постапуваат по предмети за кривични дела утврдени во Законот за контрола на опојни дроги.

-Во насока на целосно утврдување на фактите и околностите, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е во комуникација со Обвинителството за организиран криминал на Република Србија, со цел размена на информации од значење за постапката што ќе помогнат да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната. Воедно, јавниот обвинител од ОЈО ГОКК презема и други дејствија согласно своите законски надлежности, вклучително и сослушување лица во својство на сведоци, со цел прибирање докази и факти релевантни за постапката, се вели во соопштението.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, заедно со надлежните институции, продолжува со преземање на дејствија за целосно расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде навремено информирана.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Kокаин вреден 41 милион евра запленет од Француската морнарица
Следна Статија Тинејџер тврди дека лек против акни го навел да пука во пријателите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Запленети 5050 штеки цигари и електронски цигари на ГП Стар Дојран, лишен од слобода српски државјанин

На 11.01.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за…

January 12, 2026
ХРОНИКА

Еве кој е 20 годишниот Васил Јованов – Васо кој ја усмрти Фросина, требало да биде во притвор!

Срцето на 22-годишната амбициозна и креативна модна дизајнерка од Неготино, Фросина Кулакова синоќа престана да чука. Фросина на 15 минути…

January 30, 2025
ХРОНИКА

Пензионер од Скопје, кој беше исчезнат, пронајден во Аеродром

Седумдесет и деветгодишен маж од Скопје, кој претходно беше пријавен за исчезнат, е пронајден синоќа. Од МВР информираат дека пензионерот…

July 17, 2025
ХРОНИКА

Над десет лица се тепале во Батинци

На 29.08.2025 околу 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, по претходно нарушени меѓусоседски и семејни…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?