Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани, информираат од Црвен крст
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани, информираат од Црвен крст
МАКЕДОНИЈА

Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани, информираат од Црвен крст

Објавено May 23, 2025 17:03
Сподели
Сподели

Досега се собрани 156.542.967 денари во рамки на апелот на Црвениот крст на Македонија за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16 март 2025 годинава.

Како што информира Црвениот крст, заклучно до денеска во неколку наврати оваа организација изврши исплата на погодените семејства од пожарот во Кочани.

Со овие средства досега е обезбедена финансиска поддршка на семејствата на починатите лица во вкупен износ од 52.038.593 денари. За настраданите лица од пожарот кои се лекуваа во странство вкупно се исплатени 44.163.258 денари, а за настраданите кои се лекуваа во земјата вкупно се исплатени 11.247.250 денари. Вкупниот досегашен трансфер на средства изнесува 107.449.101 денари, стои во соопштението.

Преостанатите средства во износ од 46.593.866 денари на сметката на Црвениот крст, како што се наведува, по направените проценки кои се во тек, за тежината на повредите и прогнозите за времетрање на лекувањето и потребите на повредените, направени од стручни и компетентни институции во државата, а со цел објективизација и постигнување на целите и задоволување на реалните потреби на настраданите лица, Црвениот крст навремено ќе пристапи кон распредлба на средствата. Најавува дека за тоа ќе информира.

Црвениот крст се заблагодарува на сите досегашни донатори што придонесоа и се уште придонесуваат за мобилизирање на хуманитарна поддршка за настраданите и нивните семејства. Продолжуваат со своите активности на терен со акцент на обезбедување психолошка поддршка во обид, како што велат, да дадеме скромен придонес во надминување на последиците од катастрофалниот настан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Агелер: „Брз одговор 2025“ е јасен доказ за блиското и растечко партнерство меѓу двете држави
Следна Статија Филипче: Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје погодено од невреме, силен ветар, дожд и град

Скопје попладнево беше погодено од силно невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер и интензивна појава на град. Непогодата зaфати…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Пелегрини: Македонскиот пат кон ЕУ е заложник на билатерализацијата на проширувањето

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со претседателот…

November 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Симона Стојкова се огласи на Фејсбук: Објавата е лажна, не сум исчезната!

Објавата дека сум исчезната е лажна! Напиша на својот фејсбук-профил Симона Стојкова, девојката за која вчера беше објавено дека е исчезната. На…

April 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во 2024 година најмногу пријави за труења со храна и за производи со поминат рок

Внатрешниот промет на храна од неживотинско и животинско потекло, од почетокот на 2024 година заклучно со ноември бил покриен со…

January 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?