Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: До Гаши испратено барање за одземање на имунитетот на пратеникот Јанчев од Левица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > До Гаши испратено барање за одземање на имунитетот на пратеникот Јанчев од Левица
МАКЕДОНИЈА

До Гаши испратено барање за одземање на имунитетот на пратеникот Јанчев од Левица

Објавено December 11, 2025 17:09
Сподели
Сподели

Писмо со барање за одземање на имунитетот на пратеникот Саше Јанчев од Левица до претседателот на Собранието Африм Гаши испратиле родителите на тешко повреденото 13 – годишно девојче во сообраќајната несреќа што се случи на 14 септември годинава во Илинден. На повредите од несреќата подоцна им подлегна 16-годишното момче кое го управувало мопедот.

Јанчев е осомничен за сообраќајната несреќа што се случила по полноќ во село Марино, кога управувајќи со „Хјундаи тусон“ удрил во мопед „Јијинг“ управуван од 16-годишниот малолетник. Од судирот тешко беа повредени возачот на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка, додека со полесни повреди се здобил сопатникот на Јанчев.

Во писмото родителите на тешко повреденото девојче, меѓу другото, наведуваат дека имаат сериозна загриженост за влијание врз судскиот процес, бидејќи се уште не е покренато обвинението за овој трагичен настан.

Тие изразуваат сомнеж дека пратеникот може да ја злоупотреби својата функција и да се повика на пратеничкиот имунитет, со што, како што наведуваат „би избегнал евентуални мерки за обезбедување присуство или други мерки што би определиле надлежните органи“. Оттаму бараат од Гаши на дневен ред на Собранието да го стави барањето за одземање на имунитетот на Јанчев.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Лефков: Филипче работел на изградба на мигрантски камп во Бардовци, тој е единствен актуелен политичар кој сакал да ги донесе
Следна Статија ДУИ се длабоко загрижени и го осудуваат нападот на редакцијата на порталот „Инфомакс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Божиновски: Заев и Ковачевски во процесот на евроинтеграциите ја доведоа Македонија до коленичење

На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше универзитетскиот професор Владимир Божиновски кој дискутираше за обраќањето на еврокомесарката за проширување Марта…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова го пречека Милатовиќ со највисоки почести во Вила „Водно“

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска беше пречекан со највисоки државни и воени почести во Вила „Водно“ во Скопје…

March 31, 2026
МАКЕДОНИЈА

Министерството за здравство ги објави телефонските броеви за состојбата на пациентите од Кочани

Телефон за дополнителни информации за состојба на пациентите: ГОБ 8 Септември – 071226764Клинички центар- 070387115СВ Наум Охридски – 075203026 Со…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

НОВА АКЦИЈА – НОВО ЃУБРЕ: Во Охридското езеро извадени автомобилски гуми, градажен шут, пластични маси, стаклена амбалажа

Од автомобилски гуми, градежен шут, па сè до пластични столови, маси и стаклена амбалажа фрлена директно од пловни објекти или…

June 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?